ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Во Доха почнаа мировните преговори меѓу авганистанската Влада и талибанските бунтовници

September 12, 2020 11:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Со свечена церемонија во главниот град на Катар, Доха, денеска е означен почетокот на мировните разговори меѓу авганистанската Влада и талибанските бунтовници, што треба да донесе мир во оваа азиска земја уништена во 20-годишната граѓанска војна, во која животот го загубија десетици илјади лица.

Конфликтот во Авганистан, исто така, е најдолгата американска воена операција во странство, за кое време во Белата куќа се сменија тројца претседатели.

Церемонијата почна утринава во 9  часот по локално време со рецитирање на делови од Куранот и воведен говор на шефот на катарската дипломатија, Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани.

Главни преговарачи се претседателот на авганистанскиот совет за мир, Абдула Абдулах, лидерот на талибанското политичко крило, мула Барадар Акунд и американскиот државен секретар Мајк Помпео, јавија британските медиуми.

Дипломатски извори проценуваат дека успех е што претставници на конфликтните страни се согласија да седнат заедно на преговарачка маса, но, исто така, се сомневаат дека патот кон мирот ќе биде трнлив.

Овие мировни разговори се дел од договорот што Талибанците го потпишаа со САД во февруари годинава, а предвидува повлекување на поголемиот дел од американскиот воен контингент од Авганистан до ноември годинава.

-Талибанските сили мора да престанат со вооружените акции против владините сили во Кабул и цивилното население, што досега го одбиваа лидерите на ова бунтовничко движење, изјавија европските дипломати./МИА/

Next Post

„Водовод и канализација“ изработи нова канализациска мрежа за потребите на ЈП „Лајка“

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk