ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Почнува 14. манифестација „Звуците на чаршијата“

September 13, 2020 08:03
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Старата скопска чаршија од вечер до четврток ќе се одржува мултимедијалната и мултикултурна манифестација „Звуците на чаршијата“. Манифестацијата ќе почне во 20 часот со концерт на Туна во Куршумли ан. На програмата се уште два концерта, од 21 и од 22 часот.

Традиционалната манифестација годинава се одржува по 14-ти пат и има за цел да ја заживее Чаршијата преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на стари занаети. Таа придонесува кон континуираните активности на Град Скопје и Културно-информативниот центар – Скопје за ревитализација на Старата скопска чаршија.

Годинава ќе има ликовни колонии, театарски претстави, филмови, стенд ап комедија, литература, концерти од различен жанр на музика: народна, џез, рок, опера, забавна… на плоштадите, улиците на Старата скопска чаршијата, на Скопското кале, во Куршумли ан, Сули ан…

Во вторник, од 16 часот манифестацијата продолжува со настанот „Чаршиските улици“ во чии рамки концерт ќе одржат Сарана Адеми на флејта и Верица Шотаровска на пијано. Во 17 часот пред Џамијата на Мурат Паша предвиден е настап на Адил Алуш и „Јени Јол оркестар“. Во 19 часот на плоштадот Скендербег ќе биде одиграна театарската претстава „Не плаќам“, а од 20 часот на плоштадот Филип Втори ќе се одржи концерт под наслов „Есенски звуци, бојата на ѕвукот“. Во 22:30 часот на Скопското кале ќе бидат проектирани два краткометражни филма: „Земја“ во режија на Ибер Деари и „Балкон“ на Линдита Зеќирај.

На третиот фестивалски ден, на 16 септември, од 16 часот пред Муратпашината џамија ќе се изведува чалгиска музика, а од 17 часот на Скопското кале ќе се одржи арт-колонија. На истата локација од 17:30часот ќе настапи гудачкиот квартет „Стрип 4м“. Вечерта од 18 часот настапува џез квартетот „Вив арт“, а во 21:30 часот стендап комедија ќе има Артан Ибиши.

Последниот ден од манифестацијата – 17 септември е резервиран за настап на гудачкиот квартет „Вива стрингс“ (16 часот), театарската претстава „Другарство во време на мерки“ (18 часот, на плоштадот Скендербег) и претставата „Приказна за Моцарт“ на Здружението „Детски свет“ (18:30 часот). Вечерта од 20 часот во Сули ан настап ќе имаат трите тенори: Исмет Вејсели, Мустафа Имери и Влатко Груевски. Гостин на концертот е тенорот Шинаси Рамадан, во пијано придружба на Андреј Наунов.

Next Post

Нови мерки, иновации и 200 милиони евра поддршка за конкурентно земјоделство, најавува Владата

Shortcut

Најново

Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk