ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Силна поддршка од Светска банка во време на справување со пандемијата

September 14, 2020 19:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска присуствуваше на состанокот со претседателот на Групацијата Светска банка и Холандската конституенца при Светска банка во која членува и Република Северна Македонија. Покрај претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас, присуствуваа Ана Бјерде, потпретседател на Светска банка за Европа и Централна Азија, Георгина Бејкер, потпретседател во ИФЦ за Европа и Централна Азија и Кун Дејвидсе, извршен директор во Одборот на директори на Светска банка.

На средбата, како што соопшти Министерството за финансии, станал збор за поддршката на Светска банка во тринаесетте земји од Холандската конституенца, како и за справувањето со здравствената и економската криза предизвикана од пандемијата. Гувернерите на земјите ја потенцираа важноста на финансиската поддршка која банката ја обезбеди во изминатиот период како итен одговор на предизвиците настанати од кризата.

Министерот Бесими се осврна на досегашните три сета мерки, коишто Владата на Република Северна Македонија ги презеде како итен одговор во ублажување на ефектите од пандемијата и воедно на новиот четврти сет мерки во насока на заздравување на македонската економија.

По членството на земјата во НАТО и најавата за почнување на преговорите со ЕУ, како и периодот на политичка стабилност што следи, Владата на Република Северна Македонија ќе биде фокусирана на остварување одржлив, инклузивен раст преку продлабочување на структурните реформи во насока на зајакнување на конкурентноста на македонската економија.

Од страна на претседателот Малпас и потпретседателките Бјерде и Бејкер беше потврдена поддршката која оваа меѓународна финансиска институција ќе ја обезбеди за регионот вклучително и за Република Северна Македонија, во форма на заеми и трансфер на знаење и јакнење на капацитетите на националните институции. Воедно беше потенцирана потребата од  координиран пристап и партнерство со останатите финансиски институции како што се ММФ, ИФЦ, МИГА и финансиски институции од ЕУ.  Исто така беше посочено дека во наредниот период фокусот ќе биде во зајакнување на развојот на човечкиот капитал, дигитализација и зголемена поддршка на приватниот сектор преку полесен пристап до финансирање.

Министерот Бесими се заблагодари за досегашната поддршка која Република Северна Македонија ја добива од Групацијата Светска банка, имплементирана преку четири годишната Стратегија за соработка за 2019-2023 во чии што рамки се спроведуваат проекти од кои се очекува позитивен ефект врз економскиот раст./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн

Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош

July 12, 2025
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Приказна за лавот и глушецот

July 12, 2025
Фото: МИА

Музичко-сценски спектакл вечер на Антички за отворањето на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk