Американски и британски научници открија дека во горните слоеви на атмосферата на Венера има фосфин (гас кој го испуштаат некои живи организми), со што се укажува на можноста од постоење живот надвор од Земјата.
Life on Venus? The discovery of phosphine, a byproduct of anaerobic biology, is the most significant development yet in building the case for life off Earth. About 10 years ago NASA discovered microbial life at 120,000ft in Earth’s upper atmosphere. It’s time to prioritize Venus. https://t.co/hm8TOEQ9es
— Jim Bridenstine (@JimBridenstine) September 14, 2020
Живот на Венера? Откритие на фосфин, нуспроизвод на анаеробната биологија, е еден од најважните настани што води кон заклучок за вонземски живот, истакна Џим Брајденстајн, директор на американската Национална аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА).
Група астрономи од Институтот за технологија Масачусетс и од англинскиот Кардиф, вчера во списанието „Нејчур астрономи“објавија истражување во кое се тврди дека во атмосферата на Венера постои фосфин. Во студијата се истакнува дека фосфин е една од супстанците што сведочат за потенцијални знаци на живот.
Експертите ја истражувале атмосферата на Венера со употреба на телескопот „Џемјс Кларк Максвел“ (ЈЦМТ) кој што се наоѓа на Хаваите и со системот радиотелескопи АЛМА во Чиле, во милиметарска бранова должина.
Во нормални услови на Земјата фосфинот (фосфористен водород) изолиран како супстанца претставува безбоен отровен гас и овде тој се произведува од анаеробни, или микроорганизми кои не употребуваат кислород. На Земјата такви организми се некои видови бактерии, печурки, алги, црвја.
Венера е втората планета од Сонцето, и е најблиска до Земјата во споредба со другите планети. Исто така, во споредба со другите планети, таа се врти обратно од својата оска и мошне споро, што значи Сонцето таму изгрева на запад и заоѓа на исток, а еден ден на Венера трае 243 земски денови.
Атмосферата на Венера се сости главно од јаглероден диоксид и азот. Површината на планетата е целосно сокриена од многу густи облаци што се состојат од капки сулфурна киселина./МИА/