ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Медена земја“ од денеска во француските киносали

September 16, 2020 12:07
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Документарниот филм „Медена земја“ на Љубомир Костов и Тамара Котевска од денеска се прикажува во француските киносали, јави дописникот на МИА.

„Медена земја“ продолжува со освојувањето на публиката во светот, по номинацијата за оскарите. Филмот од денеска се прикажува во француските киносали, што претставува вистинска реткост за еден документарен филм, со што се дава дополнително значење за самиот квалитет на филмот.

„Медена земја“ и Атиџе ќе бидат откриени од француската публика, но претходно францускиот печат и филмските критичари имаа можност добро да се запознаат со нив. Францускиот печат е едногласен во своите критики – сите се позитивни и со големи пофалби за оваа „ода за природата и едноставниот живот, колку и да е тој тежок“.

Двајцата македонски режисери, Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, како што пишува денешен „Либерасион“, изразија желба „приказната за Атиџе да може да предизвика кај луѓето да го сменат своето гледиште, да ги потсетат на она што веќе го знаат за односот помеѓу природата и човештвото“ и целиот филм беше насочен во таа насока.

Излегувањето на филмот „Медена земја“ во Франција е прилика за организирање на дебати, како таа предвидена вечерва во киното Стар во Стразбур, под покровителство на амабасадорот на Република Северна Македонија во Франција Јадранка Чаушевска-Димов, организирана од здружение „Асапистра“ на пчеларите од Алзас, и на здружението на пријателство Алзас Македонија (АЛМА).

Утревечер во Нанси во киното „Камео“ исто така е организирана филмска вечер со филмска вечер во 20 часот, проследена со едночасовна дебата организирана од МФФ во Нанси, кој прв го прикажа филмот во Франција, со учество на Зоран Барбутов вршителот на должности на постојната мисија на Република Северна Македонија при Советот на Европа во Стразбур и македонскиот новинар Тони Гламчевски кој е претседател на МФФ Нанси. На овие дебати е предвидено да се зборува за самиот филм, но и воопшто за повеќе аспекти од животот и она што може да ги привлече Французите во Севрана Македонија.

Доаѓањето на „Медена земја“, кој за прв пат беше премиерно прикажан во Франција на Меѓународниот Филмски Фестивал во Нанси-Франција точно пред една година, а потоа и на уште неколку други француски фестивали, е нова потврда за квалитетот на македонската кинематографија. За само една година, два македонски филма се најдоа во комерцијална експлоатација-дистрибуција во француските киносали, што е вистински подвиг, во 2019 тоа беше „Господ постои името и е Петрунија“ на Теона Митевска и сега документарниот „Медена земја“ на Љубомир Костов и Тамара Котевска.

Next Post

Заев: Да му покажеме на светот дека секој договор, секое пријателство, секое ракување, носи бенефит за граѓаните

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk