ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Медиумски и комуникациски модели кои шират говор на омраза и дезинформации

September 16, 2020 10:58
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ

Причините за создавањето и за ширењето на говорот на омраза, дезинформациите и пропагандата преку медиумите во Македонија најчесто лежат во поврзаноста на медиумите со политичките и со бизнис-центрите на моќ. Темите што ги „хранат“ овие феномени се генерираат од долгата историја на политичка и на етничка поделеност на општеството и вообичаено се засилуваат во кризни или во предизборни периоди. Говорот на омраза на политичка и на етничка, како и на сексуална и на родова основа е во пораст на социјалните мрежи, анализира МИМ.

Ова се некои од заклучоците во истражувањето „Политичка и економска основа на медиумските и на комуникациските модели што шират дезинформации и говор на омраза“, кое што го спроведе МИМ во рамки на проектот „ОТПОР: Граѓанското општество за медиуми без омраза и дезинформации“ што е поддржан од Европската Унија.

Во заклучоците се наведува дека двете теми – глобалната криза предизвикана од коронавирусот во почетокот на 2020 година, која се поклопи со периодот пред одржување на парламентарните избори, создадоа „набој“ за ескалација на дезинформациите и говорот на омраза на политичка и на етничка основа, но и врз основа на здравствена состојба. Дел од препораките кои се однесуваат на медиумската заедница и на граѓанскиот сектор се во насока на поддршка на саморегулаторните механизми во медиумската сфера за да се спречи непрофесионалното и неетичко работење и да се заштити публиката од погрешно и од непрофесионално информирање од одредени медиуми. Кога станува збор за говорот на омраза, надлежните институциите треба да покажат проактивност и ангажираност при негово гонење и процесирање, вклучително и во интернет-просторот, со оглед на податокот дека бројот на пријавени случаи е во пораст. Бизнис-заедницата и огласувачката индустрија треба да дискутираат за општествената одговорност на големите компании, кои при носењето одлуки каде да се рекламираат, треба да ја земат предвид професионалноста на медиумите и да ја поддржат работата, пред сѐ, на квалитетните медиуми. Граѓаните, пак, треба да стекнуваат вештини за критичко размислување за да можат да ги разликуваат вистината и фактите од дезинформациите, манипулациите и пропагандата преку медиумите, се вели во препораките од истражувањето.

Целосниот текст од истражувањето, тука.

 

 

Next Post

Фон дер Лајен: Западниот Балкан не е етапа на патот на свилата

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk