Двајца американски туристи објавиле видео на јутјуб од Скопје, на кое ги бројат споменици во главниот град поставени за време на проектот „Скопје 2014“, пренесе Слободен печат.
„Денеска се наоѓаме во главниот град на Македонија. И ќе се обидеме да го изброиме секој споменик во градот. Ова беше совршено искуство и мислам дека Македонија е најубавата земја што сме ја посетиле на Балканот. Македонија има специјално место во нашите срца“, напишаа дечките на ЈуТјуб.
Туристите до крајот на видеото успеаа да избројат 175 статуи, а на крајот кажуваат дека Скопје им бил прв на листата за посетување на градови од балканските земји.