ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мајките што не сакаат да одат на работа под критика на оние кои работат

September 17, 2020 14:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

За и против пуштање деца во градинка и училиште, враќање на работа на родителите на деца до 6 години, мерки на Владата и загрижени родители… полемиката попладнево ќе се пренесе на улица со протест и покрај владиното образложение за потребите од отворање на градинките, како и изјавите на министерот за здравство дека пандемијата најмалку ќе биде предизвик уште една година.

Полемиката се префрли и на социјалните мрежи. Не сите мајки се против владината одлука и со поддршка на мајките што сакаат да останат дома и да си ги чуваат децата, отколку во време на пандемија ги вратат назад во градинка. Со оглед дека градинката не е задолжителна, полемиката е кој ќе им ги чува децата додека тие се на работа?

По разните групи на Фејзбук може да се забележат коментари од типот: „реално, кога можеше се да се отвори можат и училиштата, нас кој не чувал кога сме биле деца?“, „небулозно е да не се отвораат училиштата. Враќањето на работа се однесува на администратвците, ние во приватниот сектор одамна работиме“, „дали знаете дека мајките, медицинаски лица, цело време одеа на работа, поради дефицит на кадар, немаа годишен одмор (или имаа по една недела), прашајте ги како се снаоѓаа со чување деца… или мајките во приватниот сектор и фабриките… “, „ако имаме потреба од работа ќе се снајдеме за чување деца, колку паразити има оваа земја, сè сакаме друг да ни ги реши проблемите, а ние само да критикуваме…“

Мајките на деца до шестгодишна возраст за денеска во 17:30 најавија протест пред Влада поради одлуката да им се прекине породилното отсуство и да се вратат на своите работни места. Министерот за здравство Венко Филипче смета дека тие треба да се вратат на работните места, затоа што со вирусот ќе мора да живееме и цел 2021 година и тоа ќе биде нашиот живот. Од Влада велат дека мерката е донесена во координација со Комисијата за заразни болести. Согласно Протоколот, велат од Влада, приоритет за згрижување во градинките имаат децата на самохраните родители и децата на двајца вработени родители, со што се исклучува секаква можност децата да останат без соодветна грижа и нега.

Одлуката сите родители на деца од 0 до 6 години, кои досега беа ослободени од работниот процес, да се вратат на работа почнувајќи од 23 септември сега за сега останува на сила.

Б. Јордановска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Филипче: Направени се 1674 тестирања, регистрирани 186 нови случаи на Ковид-19

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп објави крај на војната во Газа, пред посетата на Израел и Египет

October 13, 2025

Локални избори во Косово: „Српска листа“ ги освои сите десет српски општини; главните партии одат во втор круг

October 13, 2025

Фон дер Лајен в среда во Скопје, почнува тридневната турнеја низ Западен Балкан 

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk