ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Навални номиниран за Нобелова награда за мир од професори и научници од САД, Британија и други земји

Процесот за номинација го започнале научници, но дека тоа не значи дека нема да се придружат и државници или претстaвници на меѓународни организации. 

September 17, 2020 18:29
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Професори и научници од САД, Велика Британија и други земји го номинираа рускиот опозиционер Алексеј Навални за Нобелова награда за мир, објави денеска Сергеј Ерофеев, професор на Универзитетот Ратгерс во Њу Џерси, САД. 

-Многумина професори од признати универзитети кои се занимаваат со Русија го номинираа него (Навални) за Нобелова награда за мир, напиша Ерофеeв на Фејсбук. 

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, тој истакнува дека процесот за номинација го започнале научници, но дека тоа не значи дека нема да се придружат и државници или претстaвници на меѓународни организации. 

-Но, едно треба да се запомни, најпрво (во ова барање) не се политичарите, туку научниците, наведува тој и додава дека оваа идеја ја поддржале и оние групи кои претходно имале негативен однос кон дејноста на Навални, но го смениле своето мнение. 

За руската телевизија „Дожд“, Ерофеев изјави дека во групата за номинација се наоѓаат „големи имиња“. 

Според Уставот на Нобеловата фондација, кандидатот може да биде предложен од ректори на универзитети, професори по социјални науки, филозофија, историја, право и теологија. Потоа, членови на парламенти и влади на разни земји, членови на меѓународни судови, директори на научно-истражувачки институти за светска и внатрешна политика, лауреати на Нобелова награда за мир, членови на совети на организации што примиле Нобелова награда за мир, како и членови и советници на норвешкиот Нобеловски комитет. 

Навални моментално е во болницата „Шарите“ во Берлин каде се лекува по нападот против него со хемиска нервна супстанца од групата боеви отрови „Новичок“. По труењето, тој падна во несвест и беше ставен во индуцирана кома од 20 август до 7 септември, додека лекарите се бореа за неговиот живот.  

Европарламентарците денеска изгласаа критична резолуција против Русија поради труењето на Навални. Брисел, Берлин, Париз, Лондон и Вашингтон бараат објаснување од Москва и подготвуваат санкции. Русија негира дека Навални бил нападнат со хемиско оружје и ги бара анализите за тоа од Германија./МИА/

Next Post

Утре ќе биде презентирана платформата за учениците што ќе ја следат наставата онлајн

Shortcut

Најново

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk