ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Трет ден голем број починати од Ковид-19, во статистиката влегуваат и оние кои починале од друга болест, но биле заразени со вирусот

September 17, 2020 16:30
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Трет ден по ред бројката на починати кои биле заразени со вирусот Ковид-19 е голема. Во вторникот беа регистрирани 9 починати, вчера и денеска седум. До сега, од почетокот на пандемијата, во Македонија бројот на починати изнесува 675.

Во официјалната статистика на починати од коронавирус влегуваат и починатите кај кои пост мортем е детектирано дека починале примарно од друга болест, но биле позитивни и на коронавирусот, одговараат од Министерството за здравство на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК за високиот процент на регистрирани смртни случаи во земјава.

„Ние од почетокот поставивме стратегија во која на сите пациенти кои починале, вклучително и на оние кои немале симптоми на коронавирус, ќе им биде земен брис. Со ова, пост мортем детектиравме повеќе пациенти кои починале примарно од друга болест, но се покажале и позитивни на вирусот. Тие сите влегуваат во статистиката на починати од коронавирус. Ова не го прават сите земји и заради тоа значително варира смртноста кога се споредува истата меѓу земјите. Ние се одлучивме заради темелен увид во ширењето на вирусот на овој начин детално да ги водиме починатите, но тоа ни донесе и повисок процент на регистрирани смртни случаи“, велат од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 186 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.674  тестирања.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1674 тестирања, а регистрирани се 186 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје-56, Куманово-16, Штип-8, Прилеп-7, Тетово-10, Струга-6, Велес-1, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-4, Гостивар-18, Гевгелија-5, Струмица-12, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-17, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Валандово-1, Делчево-4, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 85 оздравени пациенти од: Скопје-19, Дебар-2, Штип-4, Прилеп-13, Тетово-2, Струга-4, Охрид-9, Гостивар-9, Гевгелија-5, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Берово-4, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-1.

Починати се 7 лица, еден пациент од Куманово (53г), двајца пациенти од Струга (68 и 70г), еден од Гостивар (61г) и тројца пациенти од Делчево (43,60 и 78г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

И.З.

Next Post

Светска банка: Заздравувањето на економијата може да трае и до пет години

Shortcut

Најново

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 25, 2026

Емоционалноста како сила: Дороти Пачкова во „Развојна академија“ отвора разговор за ранливоста, зрелоста и автентичноста

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk