ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Советот за човекови права на ОН усвои Резолуција за Белорусија

September 18, 2020 22:34
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Советот за човекови права на Обединетите нации денеска во Женева усвои резолуција со која се повикува на брза и поголема контрола врз наводните повреди на човековите права во Белорусија.

– Резолуцијата, поддржана од Европската унија, доби 23 гласа „за“, две земји беа против, додека претставници на 22 земји беа воздржани, изјави претседателката на Советот, Елизабет Тиши-Фишлбергер.

Со Резолуцијата се повикува високата комесарка на ООН за човекови права Мишел Башелет да ја разгледа состојбата во Белорусија и да достави извештај до крајот на годината.

Во Документот, презентиран од Германија, се изразува загриженост во врска со наводната тортура, „произволно лишување од живот“ и сексуално и родово насилство, поврзани со претседателските избори на 9 август во Белорусија.

Исто така се зборува за наводно заплашување, вознемирување и притворање на противниците на владата на претседателот Александар Лукашенко, пред и по изборите.

Русија, која нема право на глас како набљудувач, поднесе 17 амандмани на резолуцијата, но сите се одбиени.

Гласањето е одржано по „драматична, итна дебата“ за време на која Белорусија и нејзините приврзаници, како Кина, Русија и Венецуела, се обиделе да ги замолчат говорниците како кандидатот на опозицијата Светлана Тихановскаја на претседателските избори во Белорусија.

Овие четири земји тврдат дека се кршат процедуралните правила со тоа што им се дозволува на Тихановскаја и другите да се обратат.

Тиши-Фишлбергер, амбасадорка на Австрија во Женева, им дозволи на говорниците да се обратат и притоа осуди голем број наводни кршења на правата во Белорусија.

Тихановскаја, обраќајќи се преку видео-порака, рече дека мирните демонстранти биле „намерно тепани и силувани“ во Белорусија, додека некои биле „пронајдени мртви“.

Белорускиот амбасадор Јуриј Амбражевич, пак, рече дека треба да им се дозволи само на националните пратеници да зборуваат и повика да прекине „интервенцијата на Светлана Тихановскаја“.

Претседателката на Советот ја одби неговата жалба и и дозволи на Тихановскаја да ја заврши изјавата.

Амбражевич возврати со обвинување кон медиумите и социјалните мрежи за прикажување „еднострана слика за реалноста, претставена од губитници на изборите“.

Тој негираше, како што рече, неосновани обвинувања за сексуално насилство кон демонстрантите.

Исто така, рече дека нема потврда за наводите дека исчезнувањето на некои луѓе е поврзано со протестите, истакнувајќи дека немало притвори од политички причини. Амбражевич додаде дека некои лица биле приведени во согласност со законските процедури. 

Next Post

Германското МНР не го коментира бугарскиот меморандум, но вели историјата нека им остане на историчарите

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk