ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Тачи го одликува Трамп со Орденот на слободата и го покани да го посети Косово

September 18, 2020 19:31
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Косовскиот претседател Хашим Тачи му го додели на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп највисокото државно одликување на Република Косово, Орденот на слободата и воедно го покани во најскоро време да ја посети земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Канцеларијата на Тачи го објави неговото писмо упатено до американскиот претседател, во кое се наведува дека орденот на Трамп му се доделува за неговиот „придонес за слободата на Косово и за јакнењето на мирот и стабилноста во регионот“.

Во писмото се наведува дека договорот за економска нормализација меѓу Косово и Србија, кој на 4 септември беше потпишан во Белата куќа во Вашингтон, „не би бил возможен без силното лидерство на САД“ и на претседателот Трамп.

– Сакам да ја изразам мојата длабока благодарност за Вашиот личен придонес во постигнувањето на договорот за економска нормализација меѓу Косово и Србија. Овој договор претставува напредок од извонредно значење за затворањето на вековниот конфликт меѓу нашите народи. По децении на блокади и стагнации во преговорите, благодарение на вашето храбро лидерство го постигнавме овој историски договор, му пишува Тачи на Трамп.

Косовскиот претседател истовремено ги одликува со Претседателски медал за заслуги советникот на Трамп за национална безбедност, Роберт О‘Брајан и специјалниот пратеник за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Ричард Гренел, за нивниот „придонес за постигнувањето на историскиот договор меѓу Косово и Србија“.

– Народот на Косово останува вечно благодарен на САД, нашиот спасител во нашите најтешки денови, кој беше и останува и натаму покрај нас, се вели во писмото на Тачи.

Тој порачува дека Косово „останува посветено на постигнување опстоен мир и долгорочна стабилност во Западен Балкан“ и дека е подготвено да придонесе за мир и безбедност во светот.

– Работевме многу во изминативе години и подготвени сме да го дадеме нашиот придонес за мир и безбедност во светот. Исто така, непоколебливи сме во нашата посветеност за постигнување договор кој ќе ги реши сите отоворени прашања и ќе доведе до меѓусебно признавање на Косово и Србија. Повеќе од кога било јасно е дека ова може да се постигне само под силното лидерство на САД. Вашата улога во овој процес е од животно значење. Косово е навистина благословено со вашата непоколеблива поддршка за исполнувањето на неговите аспирации, пишува Тачи.

Во писмото до неговиот американски колега, косовскиот претседател нагласува дека косовскиот народ е „најпроамериканскиот народ во светот“.

– Од името на народот на Косово, задоволство ми е да ве поканам да го посетите Косово и да се уверите во прогресот кој што вие го овозможивте. Ќе ми биде голема чест да ви посакам добредојде и да ви го претставам најпроамериканскиот народ во светот, му порача Тачи на Трамп во писмото со кое го известува за одликувањето со највисокото косовско одликување.

 

Next Post

Сугарески: Македонскиот идентитет и јазик се затворени прашања, сè друго е политика наменета за внатрешна употреба

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk