ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Дали Апасиев ќе го пасокизира СДСМ, или е Златна Зора и опасност за гласачката моќ на ВМРО-ДПМНЕ?

Наместо „Левица“, земјата доби партија која е националистичка ем социјалистичка, „левата рака на организацијата“ (како што пишува Апасиев сликан на фотографија до камата и пиштолот), водена од лидер што говори со навреди и јазик на омразата не само кон СДСМ, туку и кон Албанците, муслиманите, невладините организации, активистите, кон секој што не мисли исто како него. Наместо Робеспјер неподмитливиот, Македонија доби лидер на партија кој е автократ од ковот на Сталин, кој дури и би ги стрелал сите, како што се пофали јавно

September 21, 2020 09:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Колку и да сакате да глумите десна или лева опција во политиката, драги мои, тоа по кое што ќе ве оценуваат и јавноста и граѓаните се вашите постапки и настапи во реалноста.

Така е и со Апасиев и неговата „Левица“. На почетокот, тоа беше опција во која влегоа слободоумни граѓани, кои сакаа нешто ново вон дихотомијата ВМРО-СДСМ, секако добро подготвени од долгогодишните разочарувања, но и од шепотот на „сите се исти“ пропагандата, која го табаше патот за етаблирање на новата политичка опција во земјата. По тој пат храбро чекореа „основачите“ кои очигледно имале јасни цели, од моментите кога главните носители на новата партија одеа по граѓански протести и најгласно викаа „ние не сме партија“, па сè до нејзиното формирање и првично структурирање и етаблирање.

Моја тогашна, а и сегашна теза е дека „Левица“ беше имплант на режимот на Груевски во отпорот против него, уште од првите протести на студентите по архитектура во 2009, протестите против полициската бруталност во 2011-12, Аман во 2012-13… па сѐ до Шарената револуција, со цел тие иницијативи да се делат и караат однатре, да послужат повеќе за поле на напаѓање на опозицијата отколку на власта и за политички диференцијации, и секако, постојано да бидат контролирани од режимот.

На изборите во 2016-та, Левица настапи самостојно, со левичарска реторика, мултиетнички листи (освен во 6 ИЕ каде му „отстапи“ простор на неформалниот партнер), но, очигледно „сите се исти“ приказната, не помина добро и не ја направи штетата што се очекуваше дека ќе ја направи во кампусот што се бореше против режимот.

Таа соработка, секако, продолжи и по падот на режимот. И со бојкотот на Референдумот во 2018-та, и со соработката на Претседателските избори во 2019-та, кога во вториот круг Левица и Апасиев дадоа отворена поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска.

Што се случи во меѓувреме? Од партија со хоризонтална структура, Левица се претвори во султан-партија на Апасиев. Луѓето што ја направија партијата, гореа по протести и судови, додека Апасиев „не се бавеше со политика“ и ги советуваше Катица Јанева и СЈО , беа брутално избркани, следуваа судски спорови, се менуваа брави, статути, политики.

Наместо „Левица“, земјата доби партија која е националистичка ем социјалистичка, „левата рака на организацијата“ (како што пишува Апасиев сликан на фотографија до камата и пиштолот), водена од лидер што говори со навреди и јазик на омразата не само кон СДСМ, туку и кон Албанците, муслиманите, невладините организации, активистите, кон секој што не мисли исто како него. Наместо Робеспјер неподмитливиот, Македонија доби лидер на партија кој е автократ од ковот на Сталин, кој дури и би ги стрелал сите, како што се пофали јавно.

Освен политиките во однос на големите национални прашања, каде Левица и Апасиев се препуштија на голиот популизам, наместо „Левица“ што се бори против банките, гласачите добија партија која е доверител на пропадната банка, каде ги „штедела“ парите на граѓаните добиени од ДИК согласно освоените гласови на избори. Колку била каматата, не разбравме. „Скромната“ партија, која сега бара донации од гласачите (за да преживее додека не дојдат новите стотици илјади евра од ДИК) одржуваше пленуми во хотели со 5 ѕвезди, а одржува и скапа пропагандна играчка која на социјалните мрежи му носи на Апасиев повеќе лајкови од Мицкоски и Заев заедно (замислете!), иако тие водат партии кои се десеткратно побројни и со помоќни комуникациски ресурси.  А во меѓувреме, Апасиев се подновил и со стан, но јавноста не разбра дали кредитот е од истата банка каде останаа заробени парите на партијата, или од друга.

На последните избори, се виде и резултатот на „промените“ во Левица, кој е импресивен за мала партија, но не е изненадувачки, ако се земат предвид работите кажани погоре. Апасиев ги собра гласовите на најрадикалните и најразочараните, и влезе во Собранието на Република Северна Македонија.

Како и што понатаму? Која ќе биде политичката судбина на Апасиев? Ќе оди нагоре во политиката, ќе стане ли сериозен претендент за власт, или ќе биде уште една во серијата „радикални епизоди“ и пропулзии на универзумот на мвро-вмро, како Тодор Петров, Голубовски, Страшо Ангеловски, Шехтански…? Тие што паметат, знаат дека во Македонија може да се случи некоја „трета опција“ инстантно да блесне и освои 100-150.000 гласови, но и да згасне. Примери се ДА и Тупурковски, Стојан Андов и ЛДП, претседателската кандидатура на Бошкоски, примерот на Имер „Обама“ Селмани и Демокрациа е ре, Стевче Јакимовски и ГРОМ…

Ако сака да не биде краткотраен блесок и да расте, и со бројот на пратеници и гласови, тоа што го очекува Апасиев е битка со ВМРО-ДПМНЕ. Или, кооптирање на „левата рака“ во партиското „тело“. Трето нема. Гласови на прогресивни и левоориентирани граѓани, космополити, со вакви радикални политики – нема исто така, а на Апасиев, по „школото“ од 2016-та и успехот од 2020, очигледно и не му требаат.

Дали Апасиев ќе го победи ВМРО за да дојде до позиција да се бие за власт, или ќе му се придружи? Зависи од неговата умешност за адаптација на „бескомпромисноста“. Ако сака да ја претвори Македонија во национализиран, социјалистички „рај“ (за Македонците, се разбира), тоа ќе наиде на отпор кај бизнис-олигархијата, која е сопственик на „најпатриотската“ партија, и која е сепак пазарно ориентирана, или „дил-ориентид“, што би рекол војводата од Будимпешта.

Ако не се „адаптира“, ќе треба да се тепа со ВМРО, што нема да биде некоја новина во долгата историја на внатрешни битки на „организацијата“. А, ако започне таа битка, со оглед на „квалитетите“ на противниците, немам сомнение дека ќе биде исто толку крвава, како меѓусебните пресметки на крилата на ВМРО на почетокот на 20 век.

Сепак, судејќи по досегашната адаптибилност и менување политики за 180 степени за еден ден, нема да зачуди Апасиев да влезе во прегратките на мајката-партија, од кои се оддалечил во младоста. Но, и тој е свесен за минатото, и веројатно спремен да не заврши потрошен како коалициски партнер кој лапа трошки од масата на ВМРО-ДПМНЕ. Амбициите на Апасиев ќе бидат далеку поголеми од тоа. Примери за тоа како понатаму би се одвивала таа епизода, има во историјатите на некои партии од Германија и Италија во 20тите.

Не знам колку се за ова свесни претендентите на тронот на ВМРО-ДПМНЕ, кој може набргу да добие нов чувар, што би го заменил разнишаниот и грогиран Мицкоски. Тајната соработка со Апасиев одамна не носи ќар за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го покажаа изминатите избори, да ги имаа и неговите гласови, ќе победеа и денес ќе беа власт.   Со ваква ВМРО-ДПМНЕ, тој само ќе расте и ќе зема гласови од неа, а така поделено, десничарското гласачко тело по подолго време ќе биде во неповолна позиција на изборите, за разлика од минатото и големите „отцепи“ од СДСМ кои се случија со НСДП своевремено, или со ГРОМ пред неколку години.

Така што, иако Апасиев се обидува пропагандистички да го наметне тоа преку своите пораки, тој  може само да сонува за пасокизација на СДСМ. За да дојде до тоа и до негова битка со СДСМ, тој прво треба да го победи ВМРО-ДПМНЕ, односно, да го „дозлатнозоризира“ и да стане предводник на десницата и универзумот на ВМРО во борбата за власт со левицата, односно социјалдемократите на СДСМ.

Ако има битка меѓу крилата на ВМРО, ќе се види бргу. Со оглед на распоредот на силите, ќе биде брутална и кратка, а победник ќе биде, се знае, поголемиот брат, иако и изненадувања се можни, со оглед на помошта што би можел да ја добие Апасиев и однадвор. Но, ако има соработка, и Апасиев влезе во структурите на ВМРО-ДПМНЕ, но не како коалициски партнер, тогаш, Господ нека ни е напомош на сите.

ЦИВИЛ МЕДИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

Адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова: Обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

May 9, 2025

Музеите лани ги посетиле 289 767 граѓани

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Папа Лео XIV Фото: Скриншот

    Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk