Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Словенија и на Европската Унија во Република Северна Македонија.
Акредитивните писма ќе бидат предадени од Милан Предан, новоименуван амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија и од Дејвид Гер, новоименуван амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија.