ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Потпишан договор за новиот ГУП на Скопје

September 21, 2020 14:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со потпишувањето на денешниот договор помеѓу Град Скопје, Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за просторно планирање и официјално почнува процесот за подготвување на новиот Генерален урбанистички план на Град Скопје.

– Бидејќи станува збор за сложен и сеопфатен процес новиот ГУП на Град Скопје 2022-2032 ќе биде изработен со финансиска поддршка на Министерството за транспорт и врски, а во неговата изработка директно ќе се вклучи Агенцијата за просторно планирање со поддршка од поширок круг на стручни лица од различни области, академската заедница, невладиниот сектор, како и од граѓаните како поединци директно или преку единиците на локалната самоуправа. Генералниот урбанистички план на Град Скопје е стратешки развоен план со општи елементи на просторниот развој во текот на период од една декада. Како таков се донесува во услови на творечки процес на планирање и со учество на сите субјекти и институции на територијата на опфатот, изјави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. 

Планот ги дефинира основните наменски употреби на површините, ги претставува главните насоки на развојот и ја регулира примарната инфраструктура.  

– Како градоначалник лично се залагам за рационално, контролирано и функционално ширење на Скопје во насока на обезбедување на одржлив развој; визионерско планирање на сообраќајната инфраструктура, како основен елемент во просторната комуникација; соодветно планирање на комунална инфраструктура, посебно од аспект на инфраструктура за прифаќање со селектирање, рециклирање и депонирање на цврст и друг отпад; како и реконструкција на изградените простори и блокови во простори со повисок комунален и амбиентален стандард, рече Шилегов, додавајќи дека во неговата визија Скопје го гледа како зелен град. 

Верува дека во текот на изработката на новиот ГУП ќе бидат разгледани можностите за отстранување на некои недостатоци кои стојат во актуелниот и во претходните ГУП-ови.  

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски посочи дека Генералниот урбанистички план претставува значаен документ за идниот раст и развој на Скопје, но и за хуманото живеење на граѓаните.

– ГУП ќе започне да се работи според новиот закон за урбанистичко планирање и новиот правилник за урбанистичко планирање, што дава шанса на новите урбанисти и планери своето искуство и знаење да го вклучат во урбанистичкиот план, заедно со секој кој е заинтересиран да биде дел од овој процес, преку јавни и стручни расправи и преку двојно гласање во Советот, рече Бочварски.

Тој додаде дека на планот ќе се работи три години со строго утврдени прописи, правила и рокови за тоа како ќе се одвива процесот.

Градоначалникот Шилегов во одговор на новинарско прашање посочи дека сега носат Генерален урбанистички план со цел да ги стават рамките на урбанистичкото планирање во следните 10 години. Тоа што дефакто се случува на терен, вели тој, е преку реализација на ГУП-от да создаваат простор за планиран, урбан, квалитетен развој на градот во наредните 30 години.   

Вели дека тој има визија градот рамномерно да се развие, а скопјани сегашни и идни да имаат квалитетно и добро испланирано урбано планирање.  

Во однос на планот за Расадник, Шилегов смета дека не до крај се внимавало на носењето на  постоечкиот ГУП, според кој, како што потенцира, се овозможува таков тип на урбанизација.  

-Ние како Град бараме многу посериозна редукција од тоа што било предвидено во Расадник. Таму првичната проекција беше повеќе од 400 илјади метри квадратни станбена површина за т.н. развој. Ние тоа сериозно го спуштивме, зборувам за Секторот за урбанизам во Град Скопје, меѓутоа за жал, заради решенијата во ГУП-от од 2012 година не сме во можност целосно да го редуцираме, посочи Шилегов.  

За да избегнат таков тип на случаеви во иднина, Шилегов нагласи дека затоа на време почнуваат, многу внимателно со вклученост на сите луѓе во процесот.   

Појасни дека само што ќе влезат во имплементацијата, најпрво ќе треба да се направи планската програма, да се стават основите на носењето на ГУП-от, па потоа ќе почнат да ја внесуваат јавноста во тој процес.  

Договорот денеска го потпишаа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Агенцијата за просторно планирање, Огнен Апостолски.

Next Post

Бектеши: Граѓаните да пријават доколку сметаат дека не се почитуваат договорите за концесија

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk