Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова го прокоментира вечерашниот Централен комитет на партијата, каде според информациите лидерот Христијан Мицкоски ѝм предложил на членовите свикување на вонреден конгрес на кој тој нема да се кандидира, но тие го одбиле предлогот.
https://www.facebook.com/daniela.rangelova.370/posts/783019329165225
Доаѓа на ЦК со предлог за нов Извршен комитет, а пред тоа предлага на ЦК Конгрес кој истиот експресно му го одбиваат. „Театарче Лево ќоше“. ВМРО РЕЦИКЛИРАНО“, напиша Рангелова.
ВМРО-ДПМНЕ вечерва го избира и новиот состав на Извршниот комитет.