Уште едно демаскирање на лажните патриоти, кои националните и државните симболи ги користат само „ради-реда”, а честопати во интерес на лични и тесно партиски интереси.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, кој беше меѓу водачите на толпата која на 27 Април 2017 година насилно влезе во Собрание, со државни симболи, денеска пристигна како пратеник во Собранието и возилото со кое пристигна го паркира на паркингот.
Но, за разлика од пред три години кога држеше националистички говори, денеска ниту забележал дека знаменцето качено на кровот на колата стареело и веќе е скинато. Најверојатно тоа е бидејќи сега веќе го доби мандатот и има поважни работи од тоа да ги чува националните и државните симболи за кои „врескаше и пискаше“ на протестите „За заедничка Македонија” и на црниот 27 Април.
А. Зеќири