Во своето вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат, министерката за образование и наука, Мила Царовска рече дека иако образовниот процес на учениците од средно образование ќе се одвива преку интернет, часовите по практична настава ќе се одржуваат со физичко присуство, односно во училиште.
„Во средните технички училишта, практичните часови ќе се одвиваат во училница и тоа е дозволено. Сите оние коишто имаат практична настава, посебно 3 и 4 година да одат во училиште во одредени помали групи“, рече Царовска.