ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Ковид-19 во светот: Во САД над 200.000 починати, во Велика Британија најмногу нови случаи во еден ден од почетокот на мај

September 22, 2020 19:25
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 31.628,296 лицe. Од нив починале 971.782 пациенти, а оздравеле 23.224,523 луѓе.

– Бројот на починати од коронавирус во САД надмина 200.000, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс. На веб-страницата на тој универзитет се наведува дека досега во САД починале 200.005 луѓе, осум месеци од почетокот на епидемијата. Првиот случај на коронавирус во САД бил пријавен кај пациент во државата Вашингтон на 20 јануари, а четири месеци подоцна, на 27 мај, бројот на смртни случаи надмина 100.000, пренесува Еј Би Си. САД се најзагрозена земја во светот и кога се во прашање новозаразени и смртни случаи.

– Во Косово во последните 24 часа се забележани 66 новозаразени, со што бројката на носители на вирусот достигна до 15.208. Истовремено се регистрирани и 141 излекуван, така што вкупната бројка на лица кои ја совладале болеста изнесува 12.815. Денеска нема починат како последица на пандемијата, односно бројката на жртви на заразата остана 615. Активни носители на вирусот во земјата се 1.778 лица.

– Во Велика Британија, во последните 24 часа се потврдени уште 4.926 случаи на коронавирус, што е најголем број на нови случаи во еден ден од почетокот на мај. Во исто време, потврдени се 37 смртни случаи, што е за 11 повеќе од претходниот ден, пренесува Гардијан.

– Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 296 новозаразени со коронавирус и осум смртни случаи, соопшти денеска Институтот за јавно здравје. Анализирани биле 749 примероци со сомневање за коронавирус, што значи дека се заразени повеќе од две третини од испитаните лица. Најмногу нови случаи се од Подгорица 82 и Никшиќ 79.

– Според официјалните податоци, од последниот пресек во Словенија се регистрирани 88 заразени лица.
71 пациент е хоспитализиран, а 13 пациенти се уште се на интензивна нега, јави агенцијата СТА.
Досега се тестирани 203.674 граѓани на Словенија, а вкупниот број на заболени е 4.558.
Од почетокот на пандемијата, 142 лица заразени со коронавирус починале.

– Во Индија се регистрирани 75.083 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најмал број на новозаразени во скоро еден месец. За еден ден од Ковид-19 починале 1.053 лица. Од почетокот на пандемијата, регистрирани се 5,6 милиони случаи на коронавирус во Индија, што ја прави втора најпогодена земја во светот по САД.

– Во Грција денеска се регистрирани 346 нови случаи и осуммина починати од Ковид-19. Од вкупниот број 210 се во поширокиот регион на Атика. Од почетокот на еппидемијата има 15,926 заразени и 352 смртни случаи.

– Во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19, од направени 2.709 тестови, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 1.618 лица.

– Во Бугарија се регистрирани 151 нов случај на коронавирус, над 100 повеќе од претходниот ден, а вкупниот број на заразени надмина 19.000, соопшти Министерството за здравство. Четворица пациенти починале во последните 24 часа, а 765 од почетокот на пандемијата. Во исто време, повеќе од илјада лекари биле заразени со коронавирусот.

– Русија денеска регистрираше 6.215 нови случаи на коронавирус, најмногу од 18 јули, а 160 лица починаа. Бројот на смртни случаи е повторно на ниво на крајот на јули. Во истиот период, оздравеле нешто помалку од 6.000 луѓе, пренесува ТАСС. Од почетокот на пандемијата, 1,1 милиони луѓе биле заразени, а повеќе од 19.000 починале.

– Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 144 нови случаи на вирусот САРС-КоВ-2 и два смртни случаи. Бројот на активни случаи во Хрватска е вкупно 1.894, објави Штабот за цивилна заштита.
Од нив, 278 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 24 се на апарати за дишење. Од 25 февруари годинава, кога во Хрватска беше регистриран првиот случај на зараза, до денеска вкупно 15.136 лица се заразиле со новиот коронавирус, од кои 255 починаа а 12.987 лица оздравеле.  До денеска се тестирани вкупно 267.297 лица.

– Во Индонезија денеска беа регистрирани 4.071 случај на коронавирус, 160 лица починаа, што е најголем број на смртни случаи за еден ден. Од почетокот на пандемијата починале 9.387 лица. Во оваа земја досега се заразени скоро 253 000 луѓе./МИА/

Next Post

Влада: Утврдени мерките за откупот на грозјето

Shortcut

Најново

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk