Политиките на СДСМ во интерес на граѓаните и на стопанството, како и ефикасните и навремени антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ и во време на пандемија доведоа до раст на просечната плата во Република Северна Македонија. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули оваа година, изнесува 27.867 денари, соопштуваат од СДСМ.
„Просечната плата во држвата, и во услови на кризата предизвикана со пандемијата со коронавирусот е за 8,5 отсто повисока во однос на јули 2019 година.
Од јуни 2017 година, кога на чело на Владата застана СДСМ просечната плата во државата порасна за 4.423 денари.