ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бочварски: Се проширува делницата Петровец – Катланово на автопатот А1, градиме модерен и безбеден автопат на Коридор 10

September 23, 2020 16:01
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Коридорот 10 мора да го издигенеме на ниво на Европски коридор, за нас ова е многу важен патен правец, многу значајна транзитна патна врска и затоа мора да воспоставиме квалитетен, модерен и безбеден автопат за да ја одржиме стратешката позиција на земјава во делот на транзитот на овој Коридор, изјави министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски.

Министерот Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта денеска извршија увид во рехабилитација со проширување на автопатот А1, делница Петровец – Катланово.

Инвестицијата е во вредност од 7,2 милиони евра, се работи на рехабилитација во вкупна должина од 10 километри во двата правци. Проектот предвидува проширување на автопатот дополнително со уште една лента, а градежните работи се очекува да се завршат за 12 месеци.

“ Од денеска со директорот на ЈП за државни патишта тргнуваме на терен со цел да направиме увид на се што се работи низ државата и да направиме максимален притисок за да ја засилиме градежната оператива на терен. Патиштата се приоритет број еден на оваа Влада, покажавме како се гради и продолжуваме со позасилена акција на терен.  Веќе инвестиравме во рехабилитација на поголем дел од овој Коридор, остануваат уште неколку делници да се рехабилитаираат. Она што е многу важно е дека во следниот период ќе посветиме големо внимание на безбедноста преку замена на еластичната ограда, соообраќајната сигнализација и воведување на Интелегентен транспортен систем со кој значително ќе го подигнеме нивото на безбедност на ниво на европски стандарди”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов најави рехабилитација на нови делници од автпатот на Коридор 10.

“ Се наоѓаме на најстариот дел од автопатот којшто требало да се рехабилитира уште пред десетина години, но за жал не се направило тоа.  Го информирав и министерот Бочварски дека на оваа делница Катланово-Петровец ќе се изврши рехабилитација на постоечкиот коловоз и проширување со плус уште една коловозна лента. Во моментов на овој потег има само две коловозни ленти. Проширувањето ќе биде во внатрешниот зелен појас на автопатот со што ќе се избегне дополнителна експропријација. Овој регион ќе биде едно големо градилиште бидејќи во октомври ќе се распишат тендери  за рехабилитација на автопатот А4 делница Хиподром–Петровец, Миладиновци–Петровец Миладиновци–Хиподром како и рехабилитација на регионалниот пат Р1102 делница Катланово–Велес. Оваа рехабилитација е една од 6-те кои се започнати пред десетина дена,  а тоа се на патните правци Маврови Анови–Жировница, Кичево–Македонски Брод, Карпалак–Желино, Узем–Тораница и  Македонска Каменица–Саса,” изјави директорт на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.

Тој потенцираше дека во наредната година предвидено е изградба и рехабилитација на 300 километри патна мрежа.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk