Претседателот Стево Пендаровски денеска, по средбата на Советот за безбедност, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со револуционерот Гоце Делчев рече дека тој е историска фигура, која ги надминува регионалните граници. Тој додаде и дека, поради тоа, не е спорно која било држава да ги слави и чествува ликот и делото на револуционерот.
„Она што навидум не дели, треба да не спојува. Јас мислам дека тој е македонски револуционер, кој е еден од најзаслужните за македонската држава која стана вистина, која се оствари по 1944 година. Меѓутоа тоа што тие тврдат дека тој е Бугарин, се борел за бугарската кауза, е за мене неспорно. Секој има право тоа да го брани. Зошто тоа би било проблем, не во однос на евроинтеграциите, генерално како народи, како граѓани, не гледам проблем ако ти го сметаш некого за јунак да го чествуваш и ти, и тоа не мора да биде исклучиво “, вели Пендаровски.
Претходно денеска, премиерот Зоран Заев рече дека Гоце Делчев е македонски револуционер, но додаде дека е факт оти Бугарите го сметаат за бугарски револуционер. Тој најави дека ќе се најде решение и за ова прашање.
Извор: Радио Слободна Европа