Поранешната советничка и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова излезе задоволна од Кривичниот суд. Откако станала дел од обивнението за „Насилството во Центар“ пред 4 години, до денеска го чекала овој момент, но за цело време не изгубила верба во судскиот систем, пенесе Телма.
Сега откако обвинителката го повлече обвинението, на сведоците кои свеодчеле против неа ѝм порача дека тоа треба да им служи на чест а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски го повика да се соочат на дуел.
-Да не бев во овој обвинителен акт, ќе можев многу послободно да дејствувам изминатиот период, бидејќи бев обвинувана дека ќе се пазарам. Сега си ја докажав правдата и можам слободно вербално да се пресметам со тие што ме обвинуваа. Со овие аргументи сега се покажува токму спротивното што го тврдеа Мицкоски и ‘компанијата’ и сега можеме лично да се пресметаме на еден дуел, доколку цени дека треба да излезе со мене… Можеби не се чувствува за достоинствено дека треба да излегува со некој бивш функционер од партијата, но со оглед на моето партиско искуство би сакала очи в очи да се пресметаме, кој одработува за оваа власт, дали ние или тој, изјави Рангелова.
Извор: Телма