ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Видео-микс за Лукашенко, Вучиќ и ММФ, искористен за лажни вести за пандемијата

September 24, 2020 12:57
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Креативно видео“, очигледно наменето за српското говорно подрачје, во кое се презентираат ставови на италијански фри-ленс новинар, е објавено на Фејсбук на македонски јазик и е погледнато над 30 илјади пати, нуди лажна содржина за пандемијата со корона вирусот. Крајната порака на постот и видеото е дека пандемијата е светски заговор и дека многу влади учествувале во истиот, со што се наметнува заклучок дека корона вирусот не постои, или дека ако постои, строгите мерки за негово сузбивање биле театар и непотребни, пренесува „Вистиномер“.

Пост објава на Фејсбук во која има монтирано видео миксирано со повеќе интернационални компоненти поврзани за пандемијата и за наводни притисоци од светски институции за продолжување или воведување на уште построги карантински мерки, е видено за четири недели повеќе од 30 илјади пати, а само во последните 24 часа повеќе од 100 пати.

Видеото е објавено со пропратен коментар од сопственикот на профилот кој се однесува на ставовите на пошироката јавност за белорускиот претседател Александар Лукашенко и за српскиот претседател Александар Вучиќ: За “тиранинот” Лукашенко и “слободоумниот” Вучиќ! Сега пак дробете за диктатури! #ПростНародСилнаДржава

Бидејќи зборовите „тиранинот“ Лукашенко и „слободоумниот“ Вучиќ се ставени во наводници, зборовите треба да покажат обратни својства на споменатите политичари, само врз основа на триминутното видео во кое многу елементи се намонтирани надвор од конеткстот.

Во постот и видеото што го рецензираме сторијата ја разкажува извесна германка Мириам Хоп, чиј говор е титлуван со српски превод. Таа, иако два, три пати се оградува дека не знае дали тоа што го чита е вистина или не, ги упатува гледачите да проверат на официјалната страна на Никола Бици (Nikola Bizzi), италијански историчар и фри-ленс новинар, кој своите текстови, претежно за светски заговор како дел од новиот светски поредок, ги објавува на италијанскиот сајт, кој се занимава главно со светска, но и домашна политика, „База на податоци Италија“ (Database Italia).

Да ја скратиме приказната – главното тврдење во видеото и постот што ги рецензираме се засноваат на тврдењата на Бици дека Лукашенко одбил големи пари од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), но дека такви пари прифатиле други претседатели на држави како што е Вучиќ и дека тоа се прави со кооординиран притисок со помош на СЗО.

Зад ваквото тврдење стои само делумна вистина околу неуспешните преговори меѓу Белорусија и ММФ, пред сѐ, поради противењето на Лукашенко да прифати дополнителни услови од ММФ, надвор од финасиските, а се однесуваат на справувањето на земјата со корона кризата. Впрочем „Вистиномер“ ја истражи целата сторија уште во август годинава и објави текст за пост кој се однесува на „вистински“ вести за Белорусија, односно за поврзаноста на пандемијата и протестите, кои наводно биле вештачки, со цел да го срушат Лукашенко токму поради одбивањето да го прифати заемот од ММФ. Слични тврдења на овие изнесени во ова видео се проверени и од нашите колеги од VoxUkraine и и тие ги имаат оценето како невистинити.

Во случајот со овој пост и видео, освен тврдењата на италијанскиот новинар дека други земји ги прифатиле условите, нема ниту еден факт. На пример, во видеото е извадена од контекст изјава на Вучиќ, дадена некаде во јули, кога се зголемуваше бројот на заразени во Србија и кога повторно се отворија полските приемни центри, со цел да ги потврдат пренесените ставови на Бизи.

Србија е, се чини со посебен интерес од страна на Бици, бидејќи во интервју објавено нешто подоцна (на 7-ми септмеври), тој за српски портал Србин.инфо објаснува дека „податоците му се од разузнавачки кругови од Италија и од Европа“, но, сепак, „не знае колку пари земала Србија“ и “што точно се обврзал Вучиќ да прави за тие пари“, иако, генерално, да го применувал италијанско сценарио!?

Она што е најневеројатен дел од тврдењето на Бици, врз чии тези, де факто, почива и видеото и постот што ги рецензираме, е тврдењето дека сите лидери од Европа уште во септември 2019 г. тајно добиле пари да ја спроведат „Операцијата Корона“:

Европските влади веќе знаеја од септември 2019 година што ќе се случи и добија големи тајни финансии (кои не се официјално објавени), големи пари, кои, секако, не беа финансирање и зајакнување на здравствениот систем и болниците, туку само за прогласување карантин / изолација и обезбедување консолидација преку масовно зајакнување на полицијата… – вели Бици во интервјуто.

Ете, врз вакви „аргументи“, непоткрепени со ниту еден посериозен факт (освен повторуваниот за Лукашенко и ММФ), направено е и ова „сериозно“ видео, кое го рецензираме во пост објавата на ФБ на македонски јазик. Тврдењата во видеото не можат да се поткрепат во реалноста, односно видеото нуди лажна содржина.

Теориите на заговор и поврзаноста со пандемијата на корона вирусот, очигледно се многу креативни. Но, крајната порака на постот и видеото е дека пандемијата е светски заговор и дека многу влади учествувале во истиот, со што се наметнува заклучок дека корона вирусот не постои или дека ако постои, строгите мерки за негово сузбивање биле театар и непотребни. Таквите пораки пак, се штетни по јавниот интерес, чиј составен дел е јавното здравје.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ВОА

Kривична пријава за Љубомир Фрчкоски и уште три лица, според Фрчковски пријавата е срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

Дуковски: Казната е превисока, Судот не ги ценеше во доволна мера искреното каење и личноста на сторителот

May 13, 2025

Муцунски: Економската и трговската соработка во фокус на средбата со државниот секретар Хакан Јеврел

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk