ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Конкурс за директорите што ќе ги именува Владата

September 25, 2020 12:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За директорите на институции кои Владата ќе ги именува и за членовите на надзорните и управните одбори ќе биде објавен конкурс, а тие ќе треба да поднесат мотивационо писмо и програма за работа за да може на крајот на нивниот мандат да се оцени што е сработено.

На ваков начин, смета вицепремиерот задолжен за задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, ќе бидат избрани вистински професионални кадри.

– Тоа е огромна промена која досега за најголем дел од нив не е законска обврска. Зборувам за нови стандарди, нови пракси кои имаме волја да ги воспоставиме. Кога ќе го отвориме тој процес, сигурно дека тоа ќе биде можност за луѓе со капацитет да се вградат во институциите и во овие четири години кога општеството треба да го трансформираме. Тоа што не било направено со генерации, да почнеме да го менуваме, рече Николовски, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција во Владата.

Додаде дека не е можно се да се промени за неколку месеци или години, но, како што рече, постои огромна политичка волја овој процес да започне и полека да се стави ред во самите институции.

Повтори дека една од првите активности на неговиот Кабинет ќе биде и формирањето на работна група која ќе ги скенира законите и ќе предложи мерки со кои ќе се ограничат дискреционите права на функционерите.

Во делот на ревизорските извештаи, Николовски рече дека планот не е да се читаат сите извештаи, туку да се смени перцепцијата за овие извештаи и препораките во нив сериозно да бидат сфатени од страна на раководните лица на институциите.

– Имаме институции, акционерски друштва и јавни претпријатија кои се основани од Владата, а имаат загуби. Сакаме да извршиме притисок навистина оние одговорни кадри кои треба да бидат носители на позициите, да се фокусираат на исполнување на препораките и наодите од ревизорските извештаи. Доколку тоа не се прави, ќе биде покрената соодветна постапка согласно Етичкиот кодекс. Зборувам за еден таков систем во кој ревизорските извештаи сериозно ќе бидат земени предвид од наша страна, под мониторинг, а не да служат единствено за да бидат изработени и никој по нив да не постапува, појасни Николовски.

Најави дека во борбата против корупцијата, Владата ќе ги земе предвид и 40-тината препораки од извештајот на Транспаренси интернешнал.

Next Post

Заев-Тимоние: Франција гледа капацитети во Северна Македонија за европските интеграции

Shortcut

Најново

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

August 20, 2026

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk