ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Уапсен и потпретседателот на ветеранската организација на ОВК, Насим Харадинај

Обајцата челници на ОВВ-ОВК, според косовските медиуми, се уапсени по налог на Специјализираните комори, односно на Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово, познат во јавноста како „суд за ОВК“.

September 25, 2020 18:51
in ДЕНЕС, ПРАВДА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Полицијата на Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС го упаси попладнево и потпретседателот на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВВ-ОВК), Насим Харадинај, откако претходно беше приведен и претседателот на организацијата Хисни Гуцати, јави дописникот на МИА од Приштина.

Обајцата челници на ОВВ-ОВК, според косовските медиуми, се уапсени по налог на Специјализираните комори, односно на Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово, познат во јавноста како „суд за ОВК“.

Гуцати, кој беше уапсен околу 13.30 часот при акција на полицијата на ЕУЛЕКС во канцелариите на ОВВ-ОВК, според информации од неговото семејство веќе се наоѓа во притворното одделени на Специјалниот суд во Хаг. Харадинај, пак, е приведен нешто по 17 часот, пред да влезе на интервју во телевизијата Т7 и, според неофицијални информации, и тој веќе е на пат за Холандија.

Приштинската телевизија објави дека потпретседателот на ОВВ-ОВК одбил да замине со полициско возило на ЕУЛЕКС, по што го напуштил местото каде што беше приведен во придружба и со возило на косовската полиција.

– Не одам со нив, само со Полицијата на Косово, изјави Харадинај.

Во минатите десетина дена во три наврати во ветеранската организација на ОВК маскирани лица доставија бројни досиеја на Специјалниот суд, со класификувани податоци од истрагата против осомничени за воени злосторства и со имињата и сведоштвата на лица испитувани од Специјалното обвинителство. Досиејата им беа врачени на истражителите на Судот чие седиште е во Хаг.

Денешниот упад на ЕУЛЕКС во просториите на ОВВ-ОВК и апсењето на Гуцати, а подоцна и на Харадинај, уследи по вчерашното апсење на поранешниот шеф на разузнавањето на Безбедносните сили на Косово и офицер на ОВК Салих Мурати, кој е првиот официјално обвинет од трибуналот во Хаг. Мурати, Гуцати и Харадинај се првите од над 300 осомничени за воени злосторства за време и непосредно по војната во Косово од 1998-99, кои се уапсени по налог на Специјализираните комори за Косово.

Меѓу поранешните основачи и водачи на ОВК кои се осомничени за злосторства врз цивили од албанска, српска и други националности, се актуелниот претседател на Косово Хашим Тачи, лидерот на Демократската партија на Косово и поранешен спикер на републичкото Собрание Кадри Весели и шефот на Главниот штаб на ОВК и пранешен премиер на Косово, Агим Чеку./МИА/ 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk