ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Засилени дезинформаците и црната пропаганда во Русија, на мета – Навални, протестите во Белорусија, САД и ЕУ

September 25, 2020 11:15
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Сервисот на ЕУ за проверка на информациите од Источната наменска група на ЕУ euvsdisinfo.eu ги расчленува различните дезинформации што се пласирани од медиуми блиски до официјална Москва во изминативе седум дена во врска со повеќе теми и актуелни случувања, пренесува Мета.мк.

Навални – приказните продолжуваат!
Во изминативе седум дена, проверувачите на факти од овој сервис идентификувале разновидни теории за заговори во руски медиуми и блогови, во врска со најпознатиот руски дисидент Навални, во кои се вмешуваат и некои „факти“ за случајот од Солзбери, Англија, со труењето на Скрипалови. Сумирано, ваквите текстови зборуваат дека Германија измислила дека Навални е отруен со Новичок, слично како што во случајот со поранешниот руски агент Скрипал во Англија се тврдеше дека всушност службите на Лондон ги затруле него и неговата ќерка.

Во руските медиуми, сега покрај тврдења дека Навални не бил отруен, имало и тврдења дека бил отруен, но не можело да се докаже дека тоа е направено со Новичок. Ваквите наративи се продлабочуваат и со тврдењето дека е „измислено труење на Навални“ за Западот да создаде оправдание за дополнителни санкции против Русија. На тоа се додаваат и поединечни тврдења дека „САД ја присилиле Ангела Меркел да лаже за Навални“, како и дека „самиот Навални не верува во приказната дека руските власти се вмешани во неговото труење“.

Продолжуваат тврдењата за „режирање“ на протестите во Белорусија
Во врска со протестите во Белорусија, продолжува наративот присутен и досега – дека протестите на опозицијата против лажирањето на претседателските избори се поттикнати од надворешни сили (Западот, САД, или пак милијардерот и филантроп Џорџ Сорос), анализира euvsdisinfo.eu.

На различни места, се посочува на еден од овие три фактори, или пак на сите заедно. Во ваквите тврдења се вели дека „Американците ги раководат протестите“ од центар близу Варшава, преку канали на Телеграм“, дека „САД и ЕУ сакаат да го одвојат Минска од Москва, според `украинската стратегија`“, или пак дека „влијанието врз протестите е заеднички напор на Полска, Чешка, Украина, Литванија и САД“. Има и тврдења дека „полските тајни служби интервенирале за дестабилизација на Белорусија, исто како што направиле во Украина“. Сепак, има и нови тврдења – дека толпите демонстранти во Белорусија се компјутерски генерирана графика“.

Работите стануваат од гадни – погадни!
Покрај погорните, дежурни теми, во руски медиуми, во јавниот дискурс се изнесуваат и некои, најблаго речено, крајно навредливи дезинформации – дека Данска станува „рај“ за зоофилите. Имено, Алексеј Журављов, член на рускиот парламент, изјавил, а тоа било пренесено од руски медиуми, дека во Данска се отворени центри каде што човек може да дојде и „да силува желка“.

Ваквите тврдења – дека Данците се зоофили, биле присутни и претходно, како доказ за „моралната расипаност на Западот“. Во таа насока се и дезинформации изнесени во Русија дека „хомосексуални двојки може да отидат на саем во Брисел и да си купат бебе“, потсетува euvsdisinfo.eu.

 

Next Post

Јованоски: Сериозна е состојбата со Ковид-19 во Прилеп

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk