ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Бројот на новозаболени од Ковид-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

September 26, 2020 08:42
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од 1618 тестирани беа регистрирани 88 нови случаи. Здравствените власти предупредуваат дека поради доаѓањето на есента можно е влошување на состојбата, и затоа апелираат на почитување на мерките за заштита за да не се воведуваат нови доколку таа драстично се влоши.

На ова неделава предупреди и министерот за здравство Венко Филипче. Тој истакна дека на дневно ниво се зголемува бројот на заболени, за што, според надлежните, главна причина е и непочитувањето на мерките. Токму затоа, беше најавено и можно воведување нови рестрикции, а најмногу се размислува за  задолжително носење маски на отворено, ограничување на бројот на лица на одредени места, но и засилени контроли и казни.

Главната причина за зголемување на бројката, според анализите на надлежните, е непочитување на мерките и тоа пред се групирање, семејни собири, прослави и свадби кои се забранети и слични настани, но и генерално опуштање на граѓаните.

Состојбата со коронавирусот неделава беше тема и на седницата на Советот за безбедност, кој заклучи дека пандемијата со Ковид-19 и справувањето со неа и со последците што ги предизвикува останува најважен предизвик и во следните месеци.

Но според сегашните проценки, не се очекува развој на пандемијата што би имал влијание врз општата безбедност во земјата, заклучи Советот за безбедност на вчерашната седница.

За подобро справување со коронакризата се размислува и за донесување нов закон за вонредна и воена состојба, што вчера го најави министерот за правда Бојан Маричиќ, поради тоа што, како што потенцира, не знаеме што нѐ очекува во иднина со коронакризата.

Маричиќ смета дека поучени од сите недоречености по прогласувањето на вонредната состојба, која кај нас е регулирана само „со еден или два члена во Уставот“, е добра идеја набргу да се донесе закон за вонредна и воена состојба.

Очекувам, најави министерот, во многу скоро време да се формира работна група и да се направи консултација со експертите, опозицијата, претседателот на државата, владините претставници, кои беа вклучени во спробедување на вонредната состојба. Како што најави министерот, во консултациите ќе бидат вклучени сите надлежни институции.

За справување со коронакризата и економските последици што таа ги предизвикува, Владата досега донесе три сета мерки. Се затвора и дебатата за мерките во четвриот пакет за поддршка на стопанството и граѓаните.

Вчера се одржа финалната средба со стопанските комори на министрите од економскиот ресор, а денеска на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со Економско – социјалниот совет. Одлуката, за мерките што ќе ги содржи четвртиот пакет, Владата треба да ја донесе утре на седница и да ја соопшти на јавноста. Вкупната вредност на четвртиот пакет изнесува околу 350 милиони евра од кои 264 милиони се од Буџетот на државата и околу 85 милиони како исклучително поволни дополнителни кредитни линии.

Во претходното деноноќие од направени 1504 тестрирања, регистрирани беа нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот 24-часовен период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk