Македонските свињи бараат владата да изготви протоколи за рамномерна застапеност на различните видови месо во исхраната на луѓето, односно да го намали учеството на свинското во порцијата на Македонецот, со што ќе ги заштити од прекумерно колење.
Ситуацијата е неиздржлива, велат во Унијата на свињите, ако владата остане нема, ќе мора да ги земат сатарите во своите нозе и правдата да ја бараат на улица. Истовремено свињите бараат владата да обезбеди контингенти ефтина помија, а главниот ветеринарен инспектор да се бира на предлог на свињите.
Фејсбук пост на Бранко Тричковски.