– Најважна е одлуката на граѓаните, кои на слободни избори излегоа и решија напредокот, вистинските економски политики, евро-атланскиот пат, да продолжат, за сигурна и стабилна иднината на државата, вели премиерот Зоран Заев во интервјуто за Локално.
Во периодот пред нас, очекувам овие политики застапени од победничката коалиција предводена од СДСМ и парламентарното мнозинството во Собранието да наидат на поголема поддршка и од други политички чинители, групи граѓани и пратеници.
Учеството во политичкиот процес, користењето на правото на глас како врвни демократски вредности се важни и затоа постојано повикуваме, мотивираме и поттикнуваме граѓаните активно да се вклучат во носењето одлуки, вели премиерот Заев.