Јас дадов предлог опозицијата да предложи свој канидат за Јавен обвинител низ постапката опишана во закон и Парламентот да го избере, само за да го поддржат Законот за јавно обинителство, но тоа не се случи, порача вечерва премиерот Зоран Заев во интервју на Канал 5 Телевизија.
Сега веќе тоа не важи, затоа што Законот е веќе донесен тој беше важен за евроинтегративниот процес. ВМРО-ДПМНЕ не се согласи на тој предлог кој беше даден низ разговорите кои беа гарантирани и од страна на ЕУ, порача Заев.
Заев додаде дека сега за разлика од претходно законот важи за сите подеднакво, а како пример ги наведе и пресудите и предметите и истрагите што се водат против функционери на СДСМ, на ДУИ и на други полиитчки партии.