ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Европските земји ги враќаат строгите епидемилошки мерки

September 29, 2020 09:20
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Голем број европски земји соопштија дека по зголемувањето на бројот на новозаразени, ќе воведат нови мерки за борба против ширењето на коронавирусот, што ќе вклучува ограничување на патувањето, порано затворање на барови и ресторани и ограничување на јавните собири.

Холандија усвои нови мерки откако бројот на нови случаи на коронавирус во вториот бран на епидемијата ги надмина рекордните бројки од април. Мерките ќе вклучуваат задолжително носење маски во Амстердам и другите поголеми градови, забрана за публика на спортски натпревари во следните три недели и затворање на ресторани и барови во 22 часот. Премиерот Марк Руте рече дека патувањата исто така ќе бидат ограничени и ги повика работодавците да организираат работа од дома за што е можно поголем број луѓе.

По зголемувањето на бројот на случаи на Ковид-19, Словачка го забрани одржување на повеќето културни и спортски настани. Премиерот Игор Матовиќ рече дека луѓето треба да носат маски, да избегнуваат семејни собири и да се држат на дистанца за да се избегне потребата од воведување нови ограничувања.

Велика Британија воведе нови ограничувања за собири во делови на североисточна Англија, поради зголемувањето на случаите на Ковид-19. Од утре, на жителите на седум области, кои вклучуваат урбани центри како Њукасл, Сандерленд и Дурам, ќе им биде забрането да се собираат во домови и да се дружат со лица од други домаќинства. Воведени се ограничувања во домовите, пабовите и рестораните, а луѓето кои не ги почитуваат новите мерки се соочуваат со можност за казни, објави Министерството за здравство.

Во Шпанија, на околу 1,1 милиони жители на Мадрид и околината им е дозволено да ја напуштат својата населба само поради неопходни нешта, како на пример одење на работа, откако вчера мерките за контрола на коронавирусот беа проширени на дополнителни делови од градот. Досега, со мерките се погодени 850.000 жители на југ и југоисток, претежно населени со работници и имигранти, а од вчера наутро се додадени дополнителни 167.000 жители, исто така на југоисток. На жителите на овие населби им е дозволено да излегуваат надвор само кога одат на работа, во болници, училишта, по судови или да се грижат за лица кои зависат од нив. Влегување во тие населби е исто така забрането без валидна причина. Полицијата повремено запира возила и проверува документи со адреса на жителите, па многумина носат потврда од фирмата кога одат на работа. Во случај на неоправдан излез и влез, предвидени се казни од 600 евра.

Бројни региони во Италија најавија построги мерки на отворено за да се спречи ширењето на коронавирусот. Сицилија објави дека сите странски патници ќе мора да бидат тестирани при пристигнувањето и ќе мора да се јават на лекар. Од утре задолжително ќе се носи маска во јавност за лицата над шест години. Мерките ќе бидат во сила најмалку до 30 октомври. – Со пристигнувањето на сезоната на грип, влегуваме во деликатна фаза на епидемијата, рече претседателот на тој јужен италијански регион, Нело Мускумечи.

Минатата недела јужниот италијански регион Кампанија воведе мерка за задолжително носење маски во јавност, која ќе трае најмалку до 4 октомври. Маски мора да носат и жителите на северозападниот пристанишен град Џенова. Во Италија, маските се задолжителни во продавниците, возовите и другите затворени простори во најпрометните периоди. 

Од Ковид-19 досега во светот починаа 1.000.010 лица, пробивајќи ја новата психолошка граница во пандемијата што ја уништи глобалната економија, преоптовари здравствени системи и го смени начинот на живот.

Врз основа на септемврискиот просек, за 24 часа во светот од Ковид-19 умираат повеќе од 5,4 илјади луѓе, односно 226 лица во еден час или секои 16 секунди умира по еден заболен од оваа болест.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

„Критична маса“ во Скопје со апел за подобрување на велосипедската инфраструктура

НАЈНОВО

„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025
фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk