ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Ќе се интензивираат контактите со Бугарија за да се надминат проблемите

September 29, 2020 16:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, порача дека во наредниот период македонската влада ќе ги интензивира контактите со Бугарија за да се изнајде решение за несогласувањата и да се избегне било каква блокада на преговорите за членство во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Османи во изјава за МИА потсети дека Бугарија одигра важна улога во деблокирањето на ЕУ перспективите за целиот регион, тој очекува Софија да продолжи по тој пат.

-. Имајќи предвид дека Бугарија има голем дел од заслугите на враќање на европските перспективи на регионот, посебно преку софискиот самит во 2018, од интерес на Бугарија е да успее, и очекувам сите недоразбирања да се надминат во текот на наредниот период, изјави шефот на македонската дипломатија.

Тој најави дека се очекува интензивирање на контактите на политичко ниво како и на работата на заедничката комисија, како обврска од договорот за пријателство со Софија.

Османи потсети дека една земја во ЕУ може да го блокира носењето на одлуката за почеток на преговори, поради што е важно да се одржи конструктивна комуникација помеѓу двете земји.

-За усвојување на преговарачката рамка потребен е консензус и одлука на сите земји членки на ЕУ, сепак рамката и МВК се операционализација на веќе донесена политичка одлука со консензус во март оваа година, една земја може да го забави или да го попречи процесот, но ние се надеваме дека нема да дојде до тоа, затоа што имаме инструменти на располагање како да се решат споровите, вели Османи за МИА.

Слична порака дојде и од бугарскиот пратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот Парламент, Илхан Ќучук.

-Се радувам што двете страни имаат желба да разговараат, да седнат на маса, се надевам дека нема да има ескалација или тешка политичка реторика како што беше за време на изборите. Тоа го надминавме, сега е време од двете страни да се седне и да се разговара за клучните прашања, вели пратеникот од редовите на Либералите.

За него е важно да се реализира целта на германското претседателство првата меѓувладина конференција да се одржи до крајот на оваа година, и дека за тоа ќе бидат потребни “суштински разговори“ помеѓу Скопје и Софија. Тој додава дека членството на Северна Македонија во ЕУ е стратешка цел за Бугарија исто така.

Ќучук додаде дека македонските граѓани со право очекуваат да не се одложи повторно одлуката за почеток на преговори, и увери дека поддршката на Европскиот Парламент за Северна Македонија е огромна.

-Со сигурност ќе биде многу негативен резултатот ако се одложи одлуката повторно, и за политичките елити на земјата како и за граѓаните. Од високо полесно се паѓа. Северна Македонија успеа низ годините да има јасна политика во однос на НАТО и ЕУ, успеа да ги исполни условите за влез во НАТО и нормално е граѓаните да очекуваат и да сакаат влез во ЕУ, затоа сите вложуваме толкави напори, изјави европратеникот за МИА.

Наредната недела се очекува Европската Комисија да ги објави извештаите за реформскиот напредок на земјите од регионот, по што Европскиот Парламент ќе изготви резолуција за Северна Македонија, под покровителство на Ќучук. Резолуцијата би требала да се финализира пред крајот на годината.

Next Post

Шахпаска: Директна поддршка за над 283.000 граѓани со четвртиот пакет мерки

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk