ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Вечерва прво соочување на Трамп и Бајден

Комисијата за претседателскии дебати постави шест главни теми: искуството на Трамп и на Бајден, Врховен суд, Ковид-19, економија, расните немири во градовите и интегритет на изборите.

September 29, 2020 19:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Првата претседателска дебата во САД се оддржува вечерва, на 35 дена пред изборите, како вовед во главната трка и гласањето на 3 ноември. 

На дебатата учествуваат актуелниот американски претседател Доналд Трамп, републиканец и Џо Бајден, претседателски кандидат избран од демократите.  

Американскиот изборен систем налага освојување на 270 електорални колеџи, а не мнозинство од гласовите, за кандидатот да ги добие изборите. Во 2016 година Хилари Клинтон, тогашна противкандидатка на Трамп, доби речиси три милиони гласови повеќе од него, но ги изгуби изборите во „фронтовите држави“, кои даваат поголем број на електорални колеџи. 

Првата претседателска дебата во 2020 година, една од предвидените три, се оддржува во Кливленд, Охајо. На настанот ќе бидат спроведени коронавирус протоколи за социјално дистанцирање, додека кандидатите нема да се ракуваат. 

Дебатата ќе ја модерира Крис Валас, еден од најпознатите американски ТВ водители, од телевизијата Фокс Њуз. 

Бројот на присутните на дебатата е ограничен на 70 лица, многу помалку од вообичаната посетеност, додека сите присутни ќе бидат тестирани за Ковид-19 и ќе ги следат поставените безбедносни протоколи. Настанот започнува во 21 часот источноамериканско време и ќе трае 90 минути, без никакви комерцијални прекини.  

Комисијата за претседателскии дебати постави шест главни теми: искуството на Трамп и на Бајден, Врховен суд, Ковид-19, економија, расните немири во градовите и интегритет на изборите. Секој дел ќе трае по 15 минути, а кандидатите ќе имаат по две минути за реплика во одговор на прашање поставено од модераторот. 

Се очекува да бидат претресни неколку важни теми како најновиот скандал објавен од Њујорк тајмс дека во текот на 10 години, од 2000 до 2015 година, Трамп платил данок на доход во висина од само 750 долари. Потоа, критиката од Трамп дека Бајден е престар и сенилен за да ја извршува нормално претседателската функција. Одговорот на Администрацијата на Трамп на кризата со коронавирусот, Уставниот суд.  

Потоа, кога се работи за изјавите и говорите на Трамп, ќе се обрне внимание на проверка на фактите искажани од него, и, секако, главната коска на политичкиот раздор ќе бидат расните немири и расизмот против малцинствата, посебно Афроамериканците, што ги тресат САД веќе четири месеци.  

Следната дебата е закажана за 15 октомври, а ќе се оддржи во Мајами, Флорида./МИА/ 

Next Post

Ковид-19 во светот: Највисок дневен биланс во Велика Британија досега, над милион заразени во Русија

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија, Битола Широк Сокак

Дневен хороскоп со Анис – 15 април

April 15, 2026

Мицкоски за Груевски: Доколку се појави во Македонија, ќе оди во затвор

April 14, 2026

Мицкоски: СДСМ живее во свет на лаги и конструкции, реалноста ги демантира

April 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис. Мо5тив, Прилеп

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никол Кидман сака да стане „death doula“ по смртта на мајка ѝ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Задоволен сум од работата на директорот на Царинската управа, историски приходи и петкратно зголемени кривични пријави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретка небесна атракција: Кометата C/2025 R3 видлива со голо око над македонското небо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk