ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Над 100 заболени од Ковид-19 во претходното деноноќие, Шахпаска вели има места во градинките

September 30, 2020 07:49
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Нови 112 случаи на заразени од Ковид 19 од 1372 тестирања и 159 оздравени, е билансот од претходното деноноќие, според статистиката на Министерството за здравство. Во моментот 47 деца од предучилишна возраст, односно три згрижувачки групи и 14 вработени се во изолација поради Ковид-19. Се уште целосно не е исполнет капацитетот согласно протоколот за работа и има слободни места за сместување на децата во градинките, информира вчера министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Министерството за здравство вчера информираше дека во болнички услови починале осум пациенти од 53 до 82-годишна возраст. Почина 73-годишен пациент од Тетово, 58-годишен од Струмица, еден од Делчево (55г), двајца од Струга (80 и 74 г) и тројца пациенти од Скопје (53,76 и 82 г).

Од новодијагностицираните и вчера најмногу беа во: Скопје-46, потоа во Куманово и Битола се по 7, Штип-1, Струга-6, следат Прилеп-2, Тетово-1, Велес-4, Охрид-4, Гостивар-3, Струмица-11, Радовиш-3, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делечево-1, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-2, Ресен-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.786, бројката на оздравени пациенти е 14.801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.248. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје активни 683, Куманово-180, Тетово-159, Струмица-154, Прилеп-126, Гостивар-89, Кочани-152, Битола-62, Делчево-78. Во другите градови таа бројка е под 50.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 69 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 169, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Во Скопје најмногу активни случаи има во Аеродром – 102, потоа Центар – 98, Карпош – 88, Кисела Вода – 84, Гази Баба – 79, Чаир – 57, Ѓорче Петров – 52, Илинден – 29, Бутел – 26, Шуто Оризари – 17, Сарај – 12, Арачиново – 7, Студеничани – 6, Петровец – 6, Чучер Сандево – 5, Сопиште – 3, Зелениково – 2, странци – 7, нераспределени-3.

Со вклучени сирени и ротациски светла на амбулантните возила за итна медицинска помош на Здравствениот дом од Охрид и од Општата болница вчера вработените во здравствените установи од градот и оддадоа последна почит на првата жртва на коронавирусот од нивните редови.

Медицинската сестра Дијана Димоска е првата жртва на Ковид-19 меѓу вработените во здравствените институции во градот. Педесетгодишната Димоска беше работно ангажирана во Интерното одделение на болницата во Охрид. Таа им подлегна на компликациите предизвикани од коронавирусот и пред два дена беше погребана на Градските гробишта во Охрид.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вчера информира дека во моментот 47 деца од предучилишна возраст, односно три згрижувачки групи и 14 вработени се во изолација поради Ковид-19.

Единствено затворен е објектот во склоп на градинката „Ѕвездички“ во Чешиново-Облешево, кој, како што најави денеска министерката, ќе биде отворен денеска.

Во градинките, според Шахпаска, се уште целосно не е исполнет капацитетот согласно протоколот за работа и има слободни места за сместување на децата.

– Би било утопија доколку кажеме дека во нашите градинки, и во услови надвор од корона кризата, има место за сместување на сите деца. Затоа во изминатиот период изградени се 49 објекти за сместување на деца и 3.193 дечиња беа сместени. Нашиот таргет е до 2024 година во градинка да бидат сместени 60 проценти од децата во предучилишна возраст, односно да бидат отворени 7.500 места, рече Шахпаска.

Премиерот Зоран Заев завчера наведе дека Владата и надлежните институции се целосно посветени на мерките за лична заштита преку кои ќе се спречи ширењето на КОВИД-19, а со тоа и потребата од карантин и други порестриктивни мерки.

-Она на коешто сме сите фокусирани од здравствената комисија до државниот кризен штаб до Владата е мерките на лична заштита. Тука ги полагаме сите надежи. Сите се свесни, граѓаните знаат дека се во иднина ќе зависи од тоа колкав ќе биде бројот на заразени, бројот на смртни случаи, колку ќе трае оваа пандемија зависи од нашата лична одговорност. Колку повеќе носиме макса, правиме дезинфекција, држиме дистанца, не мора секој пат да правиме средба, можеме и по телефон дел од работите да ги завршиме, рече Заев, кој дополни дека со намалување на температурите се зголемува и опасноста од зголемување на бројот на заболени и токму затоа е многу важно сите безусловно да ги почитуваат мерките.

Во текот на претходното деноноќие на територијата на државата по однос на мерката за неносење лична заштита на лице се регистрирани 593 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Next Post

Се очекува до крајот на годината да се одржи првата меѓувладина конференција, билатералната соработка во преден план

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk