Вчеравечер во хотел „Александар палас“ агенција „Марили“ го одржа бизнис настанот „Жена менаџер“ на кој им беа доделени признанија на топ 10 најуспешни жени менаџери за 2019 година. Признанија добија:
1-Мерита Рамадани Алими, директор за бизнис и развој во DOGAN Air Conditioning Solutions – Скопје
2- Маја Бабиќ, извршен и оперативен менаџер во „Баги Комуникации“ – Скопје
3 – Татјана Дејаноска, директор на продажба во „Циклама инжинеринг“ – Гостивар
4 – Д-р Даниела Димитрова, сопственик на Центар за дентална и естетска медицина „Перла“ – Скопје
5 – Наталија Дренковска, менаџер за административни работи и набавки во ТАВ Македонија
6 – Олга Јосевска, оперативен менаџер во „Comodita Home“ – Македонија
7 – Даниела Китанова, менаџер во Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје , EVN Group
8 – Магдица Костадинова, извршен менаџер на „Еуро Консалт Плус“ – Скопје и „ЕКП Травел“– Скопје
9 – Марија Кукуновска, генерален менаџер на „БИСПАГ Противпожарна Техника“ – Скопје
10 – Жанета Џафер, генерален менаџер на „Жанета Естетик“ – студио за убавина
Истовремено беше доделено и специјално признание на директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби д-р Милена Стевановиќ за успешно менаџирање во услови на вонредна состојба наметната од пандемијата со Ковид-19.
Настанот се одржа со строго почитување на пропишаните протоколи за заштита од Ковид-19 во свечена атмосфера за што свој придонес дадоа извонредните поетски текстови на водителката Ели Танасковска и музичките ноти од харфата на нашата прва харфистка Мерсиха Шукри.
Беше одбележан и петгодишниот јубилј на МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ кој ги обединува сите жени менаџери кои биле дел од изборите на агенција „Марли“ во изминатите 24 години, или вкупно 240 жени менаџери и почесни членови кои дале особен придонес кон поддршка на овој проект.