ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МОН: Бојкотот на настава го дерградира образовниот процес, а штетата ја трпат децата

October 1, 2020 23:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Mинистерството за образование и наука (МОН) вели дека првиот училишен ден поминал успешно за најголем дел од учениците во државата. Бојкотирањето на наставата, пак, порачуваат од МОН, е на штета на децата.

„МОН укажува дека одлуката за следење настава со физичко присуство ја носат здравствените експерти. Следејќи ги нивните насоки, при организација на наставата МОН имаше два приоритети – заштита на здравјето на сите учесници во образовниот процес и обезбедување пристап до образование за секое дете. Бојкот на наставата целосно го деградира образовниот процес, а најголемата штета од ова ја трпат токму децата. Образовниот процес мора да продолжи – клучно за развојот на секое дете е да ја следи наставата, без разлика дали е тоа онлајн, или со физичко присуство“, велат од МОН.

Оттаму апелираат сите да останат посветени и одговорни бидејќи секој од нас е одговорен за заштита на јавното и на здравјето на децата.

Ваквите пораки на крајот од првиот училиштен ден доаѓаат откако во неколку училишта во земјава ученици и родители решија да протестираат барајќи физичко присуство на децата. Помеѓу оние кои протестираа и бојкотираа денеска имаше средношколци во Тетово, Струга и Дебар, родители на деца од училиштата во Македонска Каменица и Миравци.

Од МОН во соопштението испратено до медиумите вечерва, велат дека оваа година е несомнено различна од сите останати, но сите ученици имаат можност да следат настава и да бидат во континуирана комуникација со наставниците.

„МОН, заедно со сите учесници во креирање на онлајн платформата продолжува и понатаму будно да ја следи состојбата на терен. Надлежните власти продолжуваат да ја следат епидемиолошката слика во секоја општина и да носат одлуки согласно актуелната состојба“, велат од МОН.

Next Post

Пановски: Ако почне да расте кривата на новозаразени со Ковид 19, тоа ќе биде по 15 ноември, кога ќе залади

Најново

Фото: Фронтлајн

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за смртта на Ивана и Катја

May 7, 2026

Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

May 7, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис за 7 мај 2026: Време е за конечна реализација

May 7, 2026
Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk