ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими – Гир: Првата транша од 80 милиони евра од ЕУ пристигнува следната недела

October 2, 2020 12:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Првата транша со износ од 80 милиони евра, од вкупните 160 милиони макрофинансиска помош од Европската Унија за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот, ќе биде префрлена следната недела. Ова беше посочено на првата официјална средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со амбасадорот на ЕУ во земјава Дејвид Гир.

Како што соопшти Министерството за финансии, дополнително, Унијата во рамки на Договорот за отпорност обезбеди 40 милиони евра, грант средства , кои ќе се наменат за нови бескаматни кредитни линии и грантови за поддршка на мали и средни компании, како и грант за поддршка на невработени лица.

Министерот Бесими на средбата, се опосочува, ја истакна силната определба на нашата земја за членство во Унијата, како и подготвеноста за спроведување на реформите што ќе не приближат до оваа цел.

-Евроинтеграциите ќе обезбедат можности за повисок раст. Ние сме максимално посветени на зацврстување на оваа стратешка определба преку поставување силни темели коишто ќе овозможат реализација на клучните реформи. Ефикасно и ефективно управување со јавните финансии е услов за пристапување на земјата во ЕУ и ние во моментов сме фокусирани на креирање систем кој ќе овозможи стратешко буџетско планирање на долг рок и мерење на резултатите преку индикатори за успешност. Особено сме посветени на имплементација на структурните реформи во насока на подобрување на конкурентноста и креирање работни места, што е во рамки на процесот на подготовка на Програмата за економски реформи како предуслов за подобрено економско управување. Ова е еден од фундаментите во евроинтегративниот проце, рече министерот Бесими.

Посакувајќи му успешен мандат на амбасадорот, министерот упати благодарност до  неговиот тим за досегашната безрезервна поддршка со цел побрзо постигнување на европските вредности и приклучување кон големото европско семејство и притоа изрази надеж дека со отпочнување на преговорите поддршката ќе продолжи со уште поголем интензитет, стои во соопштението од Министерството за финансии.

Next Post

Заев: Од изолирана земја зависна од еден коридор, се интегрираме во енергетски проекти и можности за инвестиции

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk