ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Панел „Проширувањето на ЕУ – Quo vadis ?“: Проширувањето треба да ја зајакне, а не да ја ослабе ЕУ

October 2, 2020 12:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кои се моменталните предизвици со кои се соочува Западен Балкан и каква е состојбата со институциите на ЕУ, како глобални актери во регионот? Како Западниот Балкан ја доживува ЕУ политиката на проширување? На овие прашања се обидоа да одговорат пет регионални и ЕУ експерти во текот на онлајн дискусијата со наслов „Проширувањето на ЕУ – Quo vadis ?“. Панел дискусијата е дел од овогодишниот Европски форум Алпбах во Австрија, а во име на германската влада ја поддржува Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

На дебатата беше поздравена одлуката за отпочнување преговори со Северна Македонија и Албанија.

Мајлинда Брегу, генерален секретар на Советот за регионална соработка истакна дека Европската Унија не може да го држи Западен Балкан на дистанца.

– За да се задржи ЕУ интеграцијата како приритет во регионот, потребен е политички процес, и само заедно, ЕУ и Западен Балкан, можат да постигнат резултати, вели таа во однос на прашањето, кога овие две земји може да ги отворат првите поглавја од преговорите и како ова може да влијае на процесите на ЕУ интеграција во Црна Гора и во Србија.

Мартин Селмаер, шеф на делегацијата на Европската комисија во Австрија, смета дека проширувањето на ЕУ е огромен историски успех и оти така може да остане, само доколку постои решеност кај двете страни околу европската перспектива, додавајќи оти ЕУ мора да го одржи ветувањето во однос на Северна Македонија и Албанија.

-Оној што во екот на кризата со Корона флертува со други сили во светот, не е сериозен кога станува збор за европската перспектива. Вториот услов е искреноста. Да се каже дека Албанија и Северна Македонија ќе влезат во ЕУ за две години, би било несериозно. ЕУ е заедница во која владеат законите, заедница на вредности кои зависат од владеењето на правото, вели тој.

Селмаeр нагласува дека нерешените територијални прашања, не можат да се внесуваат во ЕУ.

-Процесот на проширување не треба да ја ослабува ЕУ, туку да ја зајакнува и ЕУ мора да го заврши својот дел од работата и да се реформира. Солидарноста која ја покажавме за време на пандемијата на Ковид-19, ќе продолжи. Квалитетно завршената работа на обете страни, а не временските рокови, треба да го одредува процесот и да биде во интерес на земјите кои сакаат да ѝ се придружат на ЕУ, заклучува Селмаер.

Каролин Едстадлер, австриски министер за ЕУ и уставни прашања истакна дека ЕУ не е целосна без Западен Балкан.

-Австрија е гласен лобист за проширувањето на ЕУ – тежок процес за кој треба отворено да се разговара. Потребно е земјите во регионот да го зајакнат владеењето на правото, да и се спротивстават на корупцијата и да спроведат вистински реформи. Ние треба да му покажеме на Западен Балкан дека ЕУ е одговорен партнер. Тука сме, и од исклучително значење е да ги поврзуваме луѓето и да гледаме кон иднината, нагласува Едстадлер.

Емир Ѓикиќ, директор на Секретаријатот на Централноевропскиот договор за слободна трговија, ЦЕФТА, истакна дека економиите на Западен Балкан, би имале голема корист од единствениот пазар на ЕУ и оти побрзата трговија со стоки и услуги, поголемата економска модернизација и посилната регионална економска интеграција, ќе го направат регионот поконкурентен и попривлечен за инвестиции.

– Тоа би помогнало и во решавањето на другите прашања, како што се синџирот на снабдување, враќањето на производството во Европа и заминувањето на младите од регионот, заклучи Ѓикиќ.

Панелистите заклучија дека регионалната соработка нуди можности за пронаоѓање заеднички решенија за заедничките предизвици. Модернизацијата на економиите во регионот, намалувањето на развојните нееднаквости, спроведувањето на неопходните фундаментални реформи, со поголем фокус на владеењето на правото, функционирањето на демократските институции и јавната администрација, ќе донесат конкретни резултати за граѓаните, додека регионот ќе напредува кон членството во ЕУ.

Во 2007 година, ГИЗ, за Западен Балкан, го основа Отворениот фонд за Југоисточна Европа (ОРФ), кој го поддржува развојот на регионот во различни сектори, на патот кон ЕУ. И оваа панел дискусија заеднички ја организираа два регионални ГИЗ проекти, проектот за за промоција на европските интеграции по пат регионална соработка и проектот за надворешна трговија, кои ќе продолжат да даваат поддршка на регионалните организации и иницијативи.

Next Post

Дел од гевгелиската болница адаптиран за ковид пациенти со полесни симптоми

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk