ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Учениците нема да треба целото идно лето да го поминат на училиште

October 2, 2020 10:38
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

На Фејсбук се појави пост, кој претставува линк до вест со наслов „Учебната година ќе трае до 31 август 2021 година“. Во веста, пак, се вели дека „Владата донесе одлука учебната година да трае до 31 август 2021 година“, пишува Вистиномер во својата нова анализа.

Вака како што е објавен овој пост, но и насловена веста, се сугерира дека учениците кои денеска, на 1 октомври, ја започнаа новата школска година, ќе ја завршат на 31 август следната година. Иако тоа не е стриктно потенцирано, кај родителите и кај самите ученици се создава впечаток како тие цело лето да ќе бидат врзани за училиштето, односно дека ќе им биде одземен летниот распуст. Ова уште повеќе што годинава, заради пандемијата, доцнеше почетокот на школската година.

Како доказ за констатацијата изнесена во веста, е пренесен сегмент од Одлуката на Владата на РСМ од седница одржана на 27 септември, а која се однесува на започнувањето и завршувањето на учебната година. Целата одлука може да се погледне овде.

Проблемот е што овде не се прави разлика меѓу учебна година и наставна година. Учебната година редовно трае до крајот на август, односно до 31 август. Но, редовната настава, односно наставната година, традиционално завршува на 10 јуни. Одлуката на Владата, врз која се темелат постот и веста не говорат ништо за било какви измени во однос на наставната година.

Читателите  можат да се уверат во ова ако погледнат како гласи одлуката на оваа тема ако погледнат Службен весник во година без Ковид-19, на пример, оваа, објавена на 15 август 2016 година (страна 7), каде во членот 2 стои дека

„Учебната година во основните училишта почнува на 1 септември 2016 година, а завршува на 31 август 2017 година. Наставната година започнува на 1 септември 2016 година и завршува на 9 јуни 2017 година“.

– Одлуката која е донесена по однос на учебната 2020/2021 е идентична како и за сите изминати години, со тоа што овој пат таа започнува на 1 октомври, наместо на 1 септември. Како што е познато, стартот беше одложен поради потребно дополнително време за ангажман за организирање на истата – вели портпаролката во МОН, Ирена Смиљанска. Портпаролката нагласува дека скусена е наставната година, а дека учебната година си останува иста.

Траењето на учебната година и во текот на јули и август е врзана за обврските на наставничкиот персонал, но и на учениците кои имаат слаби оценки и кои треба во тој период да ги поправат истите за да можат, во случај на позитивен исход, да се запишат во следната учебна година.

Оттаму, овој пост, а и написот до кој води линкот во него, наведуваат на носење погрешен впечаток и внесуваат забуна и немир меѓу читателите, пред сѐ, кај учениците и нивните родители, пишува Вистиномер во својата нова анализа.

 

Next Post

Автобусите на ЈСП в недела ќе сообраќаат со изменет режим поради скопскиот маратон

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk