ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

СДСМ најавува важни проекти за зголемена енергетска ефикасност

October 3, 2020 10:06
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од владеачката СДСМ велат дека Владата посветено работи на енергетско поврзување на државата и следуваат важни проекти за зголемена енергетска ефикасност. Како што се посочува во соопштението, регионалната соработка во енергетиката е дел од приоритетите на работата на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Во таа насока,  велат од СДСМ, започнати се процеси за поврзување на енергетските коридори преку Бугарија и Грција што се од суштински и долгорочен интерес за државата, стопанството и граѓаните.

„Конзорциумот „Гастрејд“, изрази подготвеност и поддршка за вклучување на Северна Македонија во изградбата на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис во Грција. Со овој проект се отвора можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за Северна Македонија, која, истовремено, ќе стане точка од која потоа гасот ќе се дистрибуира пошироко во регионот, како и во земјите кои ќе покажат интерес.

Истовремено, од нашиот пријател и сојузник САД, имаме силна поддршка за реализација на интерконекторот за гас со Грција.

Со тоа добиваме уште една можност на снабдување со природен гас од Азербејџан, но и можност за поврзување на ЛНГ терминалите во Грција.

Овие проекти на нашата држава ќе и обезбедат стабилно и континуирано снабдување со гас, независност и конкурентни цени, што е во согласност со долгогодишната енергетска стратегија.

Овие значајни проекти, ја прават нашата земја енергетски коридор за земјите од Југоисточна Европа за алтернативен пристап до значајни енергетски ресурси.

Со тоа, правиме јасна разлика во енергетските политики. Од земја која што беше енергетски остров, држава зависна од само еден коридор, денес Северна Македонија е интегрирана во енергетски проекти и вклучена во иницијативи за енергетско поврзување кои отвораат можности за брз економски развој.

СДСМ останува посветена на креирање и реализација на квалитетни енергетски политики што се во интерес на државата и сите граѓани“, се додава во соопштението.

Next Post

Тајмс: Масовно производство на вакцина против коронавирус во Британија за три месеци

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk