ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Реализирани форуми за подигнување на јавната свест за долгорочен одржлив развој на Дојранското езеро

October 6, 2020 10:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Форуми за подигнување на јавната свест за долгорочен одржлив развој на Дојранското Езеро реализираше ГАУС Институт – Фондација за нови технологии, иновации и трансфер на знаење во соработка со Македонското научно друштво – Битола и поддршка од Општина Дојран.

Еден од форумите имаше цел да ги активира граѓаните, деловните луѓе и институциите во градењето на нови бизнис модели со еколошки стандарди, како и развивање на стратегии, политики, програми, модели за одржлив социо-економски развој. Другиот форум беше наменет за децата и младите и имаше цел да ја развие еколошката култура, волонтерство и стекнување активни ставови и однесувања кон екосистемот на Дојранското Езеро.

Преку нив се потенцираше дека преземањето на лична акција и одговорност, проактивност за иницијативи и мониторинг на локаните институции, аплицирање на различни проекти, се начин подобрувањето на квалитетот на живот, зачувување на природните ресурси за идните генерации и промоција на регионот.

Сите поединци, граѓански здруженија и стопански субјекти во Општината беа поттикнати да учествуваат во процесот на креирање идеи, политики и акции. ГАУС Институтот претходно изработи студија за стратегиско предвидување и планирање за Дојранското Езеро. Во студијата беа дадени насоки и сценарија кои можат да ги очекуваат во наредните 20 години во регионот на Дојранското Езеро. Таквата можна слика им даде перспектива на учесниците во форумите дека само со нивно активирање можно е одржување на еко системот на Дојранското Езеро и одржлив развој на индустријата.

Со оглед дека целта на проектот е одржлив развој на регионот на Дојранското Езеро во наредните 20 години посебен акцент беше даден на работата со најмладите. Форуми во форма на само-мотивирачки игри беа одржани со деца од основните и средните училишта и млади до 30 години.

Проектот План Дојран е финансиран од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички. Имплементиран е во рамките на ИПА Програмата за погранична соработка Грција – Република Северна Македонија 2014-2020.

Next Post

Њу Јорк Пост: Бизарна хеви метал песна на Азербеџанската армија за конфликтот со Ерменија (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk