ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЈСП тортура кон „обичните смртници“

October 6, 2020 11:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа на својата Фејсбук страница неодамна го постави прашањето: Колку би биле ефикасни најавените мерки со редуцирање на јавниот градски превоз во однос на заштита од КОВИД-19?

Со почетокот на пандемијата со Ковид-19, потребата од превенција и заштита наметна многу мерки меѓу кои и редуциран јавен превоз. Тоа подразбира намалување на бројот на автобуси и скратување на возниот ред. Но, последиците од ваквата мерка беа преполни автобуси, без места за седење, со голем дел од патници што не носеа заштитна маска, , постојани расправии. И ова според сведоштвата на голем број граѓани, е нивното прво добро утро за почеток на работниот ден, но и добар остаток од денот меѓу 16 и 17 часот кога најголем дел се враќаат од работа.

За жал, прашањето не предизвика реакција на Фејсбук, но проблемите останаа исти. Во продолжение како тоа излгеда, Фејсбук статус на Мелиса Муриќ:

„ЈСП, до кога ние патниците ќе ја трпиме тортурата од ваша страна? Зарем ние ,,обичните смртници”, што се возиме со автобус немаме никакви права, никакво достоинство?
Испровоцирана сум од настан, пред три часа, при враќање од работа, во кој како повеќето ,,обични смртници” одам и се враќам од работа со автобус. Автобус со возен ред од Шуто Оризари до Карпош, односно, автобусот 19, иако веќе подолго време не се внимава на возниот ред кој е објавен на официјалната страна на ЈСП, а кој според возниот план треба да го има на секои 15 минути, ние, патниците во нормални услови го чекаме од 25-30 минути.
Но, она што се случи денеска ги премина сите граници, покрај тоа што автобусот го чекавме половина час за да пристигне, по пристигнувањето само застана за да се симнат патниците и го продолжи својот пат, без да почека да се качат патниците кои веќе половина час го чекаа и кои беа во поприличен број, и по сето ова голем број патници меѓу кои и јас останавме да го чекаме наредниот автобус кој дојде после 45 минути. Да, да, после цели 45 минути.
Дали ќе има одговорност за ова што се случува, секојдневно, и не само со 19, ова се случува и со другите автобуски линии, во кој покрај тоа што доцниме со нашите секојдневни обврски, големи се и шансите да можеме да се заразиме поради целокупната ситуација со вирусот и гужвите, доволно е еден да е заболен за сите да се заразиме.
Дали некој ќе сноси последици за ова што се случува и дали некој воопшто ја контролира целокупната ситуација? Како ќе ни ги надоместите штетите и лошите услови кои ги трпиме од ваша страна, а кои ние патниците за неплатена карта плаќаме штета со казна од 1000 денари, а реално ниту картата од 35 денари не ја заслужувате.
Уште слушам имало предлог за редуцирање на автобусите, се надевам дека не го знаат значењето на зборот редуцирање и со тоа мислат да го зголемат бројот на автобуси.“
Доколку се воведат нови рестриктивни мерки, препорака до ЈСП Скопје е да не ги редуцира дополнително автобусите и намалува бројот на линиите, напротив, треба да размисли за зголемување на бројот на автобуси и линии со што ќе се намали секојдневната гужва, а истовремено ќе се намали времето на чекање по автобуските постојки. На тој начин ќе се зголеми и безбедноста, но и заштитата на граѓаните од Ковид-19.
ЦИВИЛ МЕДИА
Next Post

ЦГК: Детектирани ризици од корупција во тендерите на државните и на општинските претпријатија

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk