На Твитер се појави видео на кое се гледа како се фарбаат со спреј натписите на спомениците на мостот „ОКО“ каде е наведено дека историските фигури припаѓаат на античката хеленистича историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство.
Жива е Македонија✊ pic.twitter.com/0Tm3BJVs61
— Опалим те голим (@Zaevistan) October 6, 2020
Обоена е и таблата пред споменикот на Филип Втори на плоштадот Магнолија. На твитер се појави и видео од чкртањето, но на снимката не се гледаат лицата.
Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски за Канал 5 вели зависно какво е оштетувањето, ќе бидат или исчистени или заменети со нови табли.