Ние веќе инвестираме во дигитализацијата, ќе ве потсетам за проектот во Прилеп, што и да згасне, да се уништи, тука е бекапот на државата. Подигаме нови хардверски решенија, пред сè, како сериозни системи кои се во серверски, заедно со Телекомот каде државата учествува со 38% во овој проект, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното издание на Економски магазин.
„Државата ќе се откаже од дел од дивидендата и ќе партиципира во ова заедничко добро кое ќе биде за државните потреби, но пред сè и над сè за државните компании. Во моментот нема во државата комплетен сервер на кој може да се потпрете и многу често паѓаат системи и тоа е многу значајна инфраструктура во ова модерно време.
Значајно е исто како патиштата и гасификацијата, инвестициите во инфраструктурата се мултипликатор на економијата, тие даваат работа за домашните компании, второ продуцираат дополнителен фокус за нови инвестиции. Државата затоа се радува на овие 9 милиони гранд кои денес беа соопштени од ЕУ, тоа е се за инфраструктурата“, изјави Заев.