Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција истакна дека и покрај очекуваниот зголемен број на заразни со коронавирус во земјава, болничките капацитети се подготвени, здравствениот систем е спремен да одговори на предизвикот.
Здравствениот систем е подготвен, ќе се избориме со вирусот. Имаме план за реорганизација на болничките капацитети и кадар за да одговориме на предизвикот. Сега е потребно разбирање, совесност, заедништво во надминувањето на периодот кој следи. Потребна е сериозна поддршка од сите граѓани. Да ги почитуваме мерките за заштита, истакна министерот Филипче.
Д. Е.