ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Има аргументи за одбрана на позициите на државата пред Стразбур, смета поранешната министерка Дескоска

October 8, 2020 22:02
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешната министерка за правда Рената Дескоска смета дека има аргументи за одбрана на позициите на државата во случајот што се отвори откако пред судот во Стразбур повеќемина поранешни функционери побараа да паднат судските предмети против нив, повикувајќи се на аболицијата на експретседателот Ѓорге Иванов.

На гостувањето во емисијата „Вин-Вин“ на телевизија Телма на која свое размислување даде и професорот по кривично право Гордан Калајџиев, Дескоска изрази уверување дека во градењето на стратегијата на државата за овој случај ќе бидат земени предвид и аргументите на професорот Калајџиев.

– Апсолутно мислам дека аргументите на професорот Калајџиев се одржливи и значајни и мислам дека министерот Маричиќ ќе го искористи тоа во градењето на стратегијата со дополнителни аргументи, рече Дескоска.

Според професорот Калајџиев, единствениот вистински начин за да се одбрани државата е да покаже дека стануваше збор за сериозна повреда на човековите права во земјава за кои не се дава помилување или амнестија.

– Стразбур би бил збунет ако ние се обидеме да покажеме дека нашите уставни судии се неписмени и дека политички му помогнале на Иванов. Кога Стразбур го гледа проблемот, тие Иванов го гледаат како легитимен претседател, рече Калајџиев.

Смета дека Стразбур нема да го интересира многу дали одлуката на Иванов била законита или не, особено ако тоа прашање е спорно во домашното законодавство. За жал, вели Калајџиев, меѓу домашните експерти прашањето не е толку правно дискутабилно, колку што е за земање на политичка страна во правната аргументација. Што значи дека ние како општество и како правна фела не сме зрели да излеземе на крај само со правни аргументи, ниту да ги почитуваме правните институции бидејќи и тие се политизаирани.

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска на прес-конференција истакна дека пред десетина дена до Владата стигнало барање од Европскиот суд за човекови права да одговори во врска со апликациите поднесени до Судот поврзани со предметите на поранешното СЈО и оти во овој период државата подготвува стратегија за настап кој, како што рече, ќе биде во одбрана на владеењето на правото и правната држава.

– Ние сме сега во почетна фаза, стигнаа пред десеттина дена апликациите на одговор од Владата. Се уште ги разгледуваме во нашите институции, интензивно работиме и се подготвуваме и не би давал конкретни податоци, што и како ќе се случува. Мислам дека ќе направиме соодветна стратегија која што ќе работи во одбрана на владеењето на правото и правната држава, рече Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Нема места за заболените од Ковид-19 во кумановската болница, пациентите ќе се праќаат во Скопје

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Пикси поднесе оставка по поразот на Србија од Албанија

October 12, 2025

Експлозијата во Тенеси однесе најмалку 16 животи – истрагата сè уште трае

October 12, 2025
Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Родителите на жртвите од „Пулс“ најавија секојдневни блокади: Правдата не смее да се влече

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk