Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со родителите и здруженијата за деца/лица со попреченост во однос на барањата кои беа доставени до сите учесници во предизборниот процес.
-За овие барања беше потпишана изјава за давање согласност за промена на законски и подзаконски акти кои се однесуваат на оваа целна група, а е со цел нивно вклучување во општеството и подобрување на нивниот живот и здравје, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
На средбата биле разгледани детално сите поединечни барања на здруженијата и родителите за кои е дадена согласност во изјавата и се утврди временски рок и начин на нивна реализација.
Министерката Шахпаска се заложила за реализација на нивните барања и подигнување на заштитата на правата на повисоко ниво, како и обезбедување на социјални услуги во локалните заедници.
Таа воедно отворено ги поканила на активно учество во работните групи за реализација на нивните барања кои се составен дел од потпишаната изјава.
-Двете страни изразија подготвеност на понатамошна соработка со цел унапредување на правата на децата/лицата со попреченост, велат од МТСП./МИА/