ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Уставното загарантирано право за неповредливост на домот останува, полицијата ќе реагира само на пријави

October 8, 2020 21:28
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во вестите на телевизијата „Сител“, истакна дека уставното загарантирано право за неповредливост на домот останува и оти од тој аспект полицијата не може да делува. Единствено може да делува по пријава од соседите, рече министерот, коментирајќи ги предлозите на Комисијата за заразни болести да се забранат големи семејни собири и прослави во домовите и групирање по 22 часот, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

– Од Комисијата за заразни болести се нудат одредени предлози да имаме некаква рестрикција, која ќе помогне во спречување на ширењето на коронавирусот. Јас очекувам тие предлози да стигнат на седница на Влада за кои ќе разговараме. Ваквиот предлог веројатно е базиран на податоците за случаите кои се позитивни токму од таквите групирања во домашни услови на семејни веселби. Секако дека уставно загарантираното право за неповредливост на домот останува и тука не може да делува полицијата. Меѓутоа, многу е поважно да разбереме, дека групирањето, прославите во домашни услови, претставува најголем ризик. Токму поради тоа, треба да се преземаат некакви мерки, рече министерот Спасовски.

Тој појасни дека доколку постои некаква пријава, полицијата ќе треба да се делува, меѓутоа со запазување на уставните начела кои ја гарантираат неповредливоста на домот.

– Таквите активности ќе мора да ги спроведуваме во соработка со јавното обвинителство, заеднички, се со цел да оневозможиме или да ја намалиме можноста за ширење на коронавирусот, истакна Спасовски.

Тој, како што рече, лично е повеќе за превентивни мерки, а не за строги рестрикции.

– Мораме да признаеме дека во овој момент постои едно опуштање. Како сите да подзаборавивме што може да донесе ширењето на болеста во поголем обем. Поминавме низ тие рестриктивни мерки, знам дека тоа е сериозен проблем за граѓаните. Меѓутоа, мораме да разбереме и да бидеме свесни дека ширењето на болеста придонесе да имаме сериозни рестрикции. Ако не сакаме да се вратат тие мерки, ќе мораме сите заедно да се посветиме максимално на повисоко ниво на свесност да си помогнеме заеднички и да се намали обемот на ширењето на Ковид-19, вели Спасовски.

Во врска со задолжителното носење на маска на отворен простор, Спасовски смета дека од оваа мерка треба да бидат изземени само за оние кои професионално се занимаваат со спорт и имаат секој ден тренинзи.

– Податоците, кај нас и во светот, покажуваат дека заштитата со маска е поголема. Со неносењето маска го загрозуваме личното здравје и здравјето на другите, потенцира Спасовски, кој информира дека периодов е зголемен бројот на прекршоците за неносење маска.

Првиот човек на МВР рече дека полицијата е подготвена да одговори на секој предизвик, што се покажува и во изминатиот период.

– Без разлика какви одлуки ќе бидат донесени, полицијата е максимално подготвена да ги спроведе тие одлуки, дали ќе биде тоа полициски час, дали ќе биде поголема контрола примена на другите мерки за спречување на ширењето на Ковид, ние ќе бидеме подготвени без калкулации. Тоа е многу важно во вакви состојби, рече Спасовски.

– Нема поважно од здравјето и животот на граѓаните, истакна министерот.

Во врска со забавите кои се организираа во угостителските објекти, Спасовски вели, дека полицијата покажала бескомпромисна борба.

– Ние имаме премногу малку, би рекол, механизми коишто стојат на располагање и до инспекциските служби пред сè во државата и до МВР. Меѓутоа она што се случуваше и како беше санкционирано во еден од скопските локали каде што се организираа овие настани и каде што не се почитуваа протоколите направивме поголема контрола и поопсежна контрола. Значи не беше проблемот организацијата, беше проблемот непочитувањето на протоколите. Таа вечер се издаваа платни налози, казни и за посетителите оние коишто се групираа повеќе на масите, оние коишто не ги почитуваа препораките, секако дека кривични пријави заработија и сопствениците односно организаторите на таквите настани, истакна Спасовски./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Калеска-Ванчева: Ерозијата на судството од времето на ВМРО-ДПМНЕ има последици и ден денеска

НАЈНОВО

Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Родителите на жртвите од „Пулс“ најавија секојдневни блокади: Правдата не смее да се влече

October 11, 2025

Нобеловиот институт проверува дали некој ја открил добитничката на наградата за мир пред време

October 11, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Прилеп: Политиките на СДСМ во однос на прашањата со соседите се чиста капитулација

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk