ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бочварски: Градиме модерна патна инфраструктура за жителите на Кавадарци

Транзитниот дел на Кавадарци се рехабилитира во должина од 1,2 километри, инвестиција со вредност од околу 50 милиони денари, од кои 18,7 милиони денари се обезбедени преку ЈП за државни патишта и 31 милиони денари кои ги инвестира Општина Кавадарци.

October 10, 2020 14:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Градежните работи за модернизација на патната инфраструктура во државата се одвиваат со добра динамика. Денеска сведочиме на завршувањето на еден доста значаен проект за граѓаните на Кавадарци и околината, кој е резултат на заедничката соработка меѓу локалната и централната власт, а тоа е рехабилитација на Транзитниот дел на Кавадарци. Дополнително, преку проектот за локални патишта, Министерството за транспорт и врски додели 1,1 милион евра за санација на улици и патишта во оваа општина, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој денеска заедно со директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, изврши увид во градежните за работи за реконструкција на регионален пат Р1103 Транзит – Кавадарци.

Транзитниот дел на Кавадарци се рехабилитира во должина од 1,2 километри, инвестиција со вредност од околу 50 милиони денари, од кои 18,7 милиони денари се обезбедени преку ЈП за државни патишта и 31 милиони денари кои ги инвестира Општина Кавадарци. Градежните работи се во завршна фаза, во моментов се работи на асфалтирање на патот и во текот на следната недела рехабилитацијата ќе биде комплетно завршена, два месеци пред рокот предвиден со Договорот.

Продолжуваме со модернизација на целокупната патна инфраструктура во државата. Покрај изградба и рехабилитација на автопати, магистрални, експресни и регионални патишта, преку Проектот за поврзување на локални патишта силно инвестираме во подобрување на локалните патни мрежи во внатрешноста на општините, преку реконструкција и санација на голем број локални патишта и улици. Станува збор за еден сериозен проект во вредност од 70 милиони евра, од кој произлегуваат низа успешни приказни и кој е од огромно значење на квалитетот на живот на граѓаните. Во рамките на овој проект општина Кавадарци доби на располагање 1,1 милион евра и во првиот тендер што е во фаза на евалуација, ќе се работи на реконструкција на три улици: Илинденска, Пионерска и Браќа Џунови, со вкупна вредност од 374 илјади евра. Во вториот тендер, општина Кавадарци влегува со реконструкција на две улици со вкупна вредност од 220 илјади евра: улица Дисанска и Западен Булевар, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Министерот Бочварски додаде дека соработката меѓу Владата и општините ќе продолжи во насока на создавање поволни услови за економски раст на општините и поквалитетен живот на сите граѓани.

 

Next Post

Преглед на вести во 15 часот: Говор на омраза кон Јанкуловски; Зголемен бројот на хоспитализирани; ДПМНЕ да изградат став дали короната постои или не

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk